Последно обраќање! [АВРАМОВСКИ]

Day 1,507, 10:07 Published in North Macedonia North Macedonia by Narodna Banka na Makedonija

Здраво еМакедонијо!
Здраво Македонци и Македонки!

Пред 30 дена победив на претседателските избори што лично мене не ми се веруваше, но ради Вас, победив.
Ради Вас уживав да и служам на еМакедонија и на Вас народе на најдобриот начин на кој знаев, да бидам себичен за еМакедонија! За тоа што е наше! За тоа што не треба да се дели со никој! За тоа што треба да останеме македонци! За тоа што не смее ниту една земја да не потцени!

еМакедонија ја наследивме со 3 ресурси! Што како и зашто...не сум негативец или критичар и да обвинувам некого што и како било со оној кој го наследив верувам добро ја вршел својата работа, но сите ја знаеме ситуацијата во ОНЕ, како и да е после 3тиот ден па до вчера еМакедонија имаше во свој посед 8 од 10 ресурси и тоа не е поради мене сигурно, тоа е поради Вас и слогата која ја покажавме! Поради нашата моќ и нашата дипломатија! Ова го кажувам затоа што може да биде кој сака претседател но ако сојузот не функционира, џабе, кога станува збор за војните! Едино што може да направи разлика е дипломатијата! Војните се добиваат со пенкала не со пушка, вели една позната изрека. Ова е само мое мислење.

Нашата дипломатија беше клучна. Имавме барања од 5 држави кои во барем еден сегмент се совпаѓаа со нечии други барања, тоа е нешто како спор во РЖ со јужните троседи.
Јас и тимот мој и академијата како знаевме буткавме чекор по чекор и се советувавме за да стигнеме до нашата цел - Индија.
Бидејќи ова е мој ОТЧЕТ ова ќе биде можеби подолга одошто треба да биде, статија, но сакам да се изјаснам буквално ЗА СЕ за да немате никакви дилеми, што и како било и зашто било вака а не онака и да останам доследен на мојата функција, тоа ке го правам до 00:00 вечер.

На поставениот пат имавме неколку препреки, Турција Турција Турција + Иран + ОНЕ + Емирати + Пакистан. Во мегувреме на запад на врата ни чукаше Грција.
Со Турција се започна супер и имаше одлична атмосвера, се смеевме се зезавме ковавме планови СЕ ДОДЕКА Турција не почна со нејзините барања.
1. Ја сакаат Арабија и Иран (региони кои ни попречуваат пат)
2. Не дозволуваат Иран да влезе во ОНЕ воедно и наши еПријатели (кои ке ни дадеа пат)
3. Сакаат и они да идат на исток ( ни порачаа да правиме нешто друго)

Нас во мегувреме ни требаа ресурси нели? Па така го окупиравме Кипар и некои региони од Египет па и го земавме Табук регионот и дојдовме до 8 ресурси кои ги држевме се до вчера!
После окупирањето на Кипар се јави Турција со навреди према нас и тешки закани како сите разговори претходно да не постоеа!
Подоцна и Алексастанкович ми се закануваше ке ми го хакирал акаунтот ако не сме се тргнеле од Табук, ако не сме им го ослободеле т.е.
Јас си велам:
-Турција ни е сојузник, вечен сојузник и треба да разбере дека тоа се региони кои ни требаат, не и нив, за да ние имаме повеќе ресурси за да ОНЕ биде појак! А Турција ни стави на дознаење дека Кипар им е побитен од нас како сојузник?!?!?!

Се обидовме да воспоставиме каква таква контрола, па и нели искочи еден весник во кој ние како се помиривме НО ЏАБЕ! Турската влада ќе Ви кажам ама не се знае кој ја води! Нивни официјални претставници се водени од страна на нивни тролови а нивниот претседател не знаеше ни англиски!

Јас требаше да го направам следново?
- Да ја слушам Турција
- Да и ќутам на Турција
- Да ја оставам Македонија на 5-6 ресурси

ТУРЦИЈА, ИЗВИНИ, МАКЕДОНИЈА МИ Е ПРЕД СЕ!



Да не уценуваат тоа НЕМОЖЕ! МАКЕДОНИЈА нема да клекне пред НИКОГО!
Ние сме помагале и ни помагале, некогаш даваме помош а не добиваме за возврат! СЕ КЕ РАЗБЕРЕМЕ но да некој ме уценува МЕНЕ, ВАС и МАКЕДОНИЈА се зафркнал!

Кога се случи што се случи веднаш стапи договорот со Грција. Многумина рекоа "Вие сте им лижеле ** на грците вие сте шиткачи ова или она" ние молчевме!
Ја сум реалист и како таков знам дека моите планови без договор со нив немаше да бидат во никој случај успешни и тоа го најавив во мојата кандидатура, сите знаевте однапред веќе што би можело да се случи.

Договорот беше таков да ние поставувавме први и како нас ни одговара. Јас се претставив и мојата држава на тој договор како и секој мој член кој учествуваше на него! Поставивме што поставивме а потоа беше оставено на нив да прифатат при што го разгледаа нашето барање, побараа малце време дали нивниот конгрес ке се сложел и ни дадоа одговор по дури ден ипол. Ние ветивме региони КОИ НЕ ГИ ИМАВМЕ но ги претставивме како региони кои ЌЕ ГИ ЗЕМЕМЕ што секако не ни беше во никаков план и ги изманипулиравме. Но истотака им ветивме дека ДОКОЛКУ стигнеме во Индија ке го добијат остатокот од Египет.
Или што би се рекло во економијата “take it first – money later”
Договор писмен никаде немаше потпишано иако беше направен, бидејќи некам да потпишувам ништо со нив, исто како што не се ни преговара со терористи!

ВЕКЕ РАЗДОРИТЕ СО ТУРЦИЈА СЕ СЛУЧИЈА!
Секој зазема своја страна а јас тргнав по тоа што Вас Ви го ветив!

Тука турција се испречи, Кина дојде од исток а ОНЕ веќе беше во една голема криза.

Таму не блокираа ние загубивме и се уништија сите планови! Потоа евентуално за ширење, истите беа ставени во мирување.
Размислувавме размислувавме и размислувавме....
ОНЕ губи насекаде, силната Полска и Србија паднаа, кого да нападнеме?
Решивме, ќе ги помагаме битките на ОНЕ и ке се промовираме!
ДаркоДимовски1 тоа одлично го правеше!

После сето тоа и како крајот се наближуваше на сите ни беше јасно што не очекува...
Слабата и малата МАКЕДОНИЈА ја нападнаа 3 земји кои се во ТОП 10 земји според многумина, заедно како НИТУ ЕДНА ДРУГА СИЛА на еСветов за да успеат да не бутнат! Грција од Запад Кипар од Север и Турција од Исток а се започна обратно! Турција не удри од Исток, Кипар.....бла бла ЗНАЕМЕ АМА БАШ СИТЕ! Маваа Ромпер Строзер атила14 Аргроб и еден куп други големи тенкови за да успеат да извојуваат две невозможни победи буквално во последните секунди!



Тука беше крајот а воедно и обележјето на моите последни денови како Ваш Претседател. Со дипломатија со единство со моќ успеавме да контролираме 8 ресурси, ЗАЕДНО! Успеавме одлично да ја промовираме Македонија и во ОНЕ сојузот каде со многу членови сме во одлични контакти и секојдневно разговараме.

ALL in ALL да не речам дека сум разочаран, што не го исполнив моето ветување, Индија, ќе кажам дека сум пресреќен што ако не ми успеа тоа преку весници и мои обраќања да се обединиме, се обединивме таму каде што треба и токму кога требаше, на бојното поле!
Буквално СЕКОЈ, не само 80% него СЕКОЈ ја потроши својата залиха во одбрана на Македонија. Кога тоа ќе се случи, вчера СИТЕ бевте сведоци ќе ја видите нашата моќ! Го браневме североисточен иран, држевме 2 востанија, Грција и Кипар додека јуришаа, во Турција целиот ЏЕТ-СЕТ условно кажано на ЕДЕН маваше против нас за да успеат во последни секунди да го добијат регионот! Тоа се 2 победи кои неможам да разберам како се случија, но треба да извлечеме нешто од сето тоа и да го спречиме од ново повторување! Тогаш сме победиле!

Нас не нападнаа од 3 страни НО СЕ ИСПОТИЈА КАКО МАГАРИЊА за да го земат тоа по што тргнаа!
Ние сме поразени, но ПОБЕДИВМЕ!
Ние победивме со нашата ОБЕДИНЕТОСТ!
Ние не ја загубивме НАШАТА ЧЕСТ и ГОРДОСТ!
ИЗГУБИВМЕ ДОСТОИНСТВЕНО!

А утре? Цел ЕДЕН ЌЕ ЗБОРИ КАКО ТАА МАЛА МАКЕДОНИЈА СЕ СПРОТИВСТАВИ НА СИТЕ ТЕНКОВИ НА ЕДЕН И НЕЈЗИНА АРМИЈА! СО БАЗУКИТЕ НА САМО 20 ДУШИ!

Кога сме кај нив, добро, договор си е договор и секој ке го добие тоа што го заслужи ГО ИМАТЕ МОЈОТ ЗБОР, НО, што е со Scymex? Voix, јас можеби? Mudash? и многу многу други кои удрија без да побараат трошка за возврат!
Утре да дојде јанко или петко и од мене да побара помош, не ни мора да побара сам ке се пријавам, да барам нешто од државата за да ја бранам својата земја! Се сеќавате на ова? ФАЛА не ми треба ништо! Затоа што нема ништо поубаво како тоа кога ке се размавате а гледате како на другата страна против вас да се креваат армиите на ЕДЕН!!! Тоа е вредно за 100 медали кои нема да ги добиете! Нашите херои фрлаат по илјадници евра и треба да се има почит за тоа! Не критикувам никого не потенцирам кон никого, све е тоа ок и се е ствар на договор и тоа ќе го испоштувам до 00:00 вечер! Зборот ми е ... размислете за цената за вашите базуки и енерџи барави кои треба да служат во одбрана на мојата твојата НАШАТА земја, МАКЕДОНИЈА!

Тоа е народе...!

Помина месец, поминаа 30 дена, откако пред исто толку дојдов на власт, јас и мојот тим, кој безрезервно си ја извршуваше својата должност! Многу од нив со енормно големи обврски во реалниот живот, и покрај се беа тука, беа по каналите, бараа врски, бараа контакти, бараа борци и што ти не! Остануваа до доцни часови некогаш за да се биде како што треба, колку толку! Ова го кажувам затоа што СЕКОГАШ МОЖЕ ПОДОБРО и треба да верувам во тоа! Ако веруваме ке го достигнеме! На чело со BlackMK и DarkoDimovski1 останатите се Martin Tashkoski, Mehandzijski, danakmkd Strumjanin, Bojan aka t-mac. Било кој од нив да одберете, освен Струмјанин за кој сите знаеме кој е и што значи во новинарството и политиката во еМакедонија, нема да згрешите и за никој од останатите, кога е во прашање МОДот и МОФА-тимот!
Можам да кажам само дека ми беше чест да бидам дел од нив! Поред нив имаше УШТЕ ТОЛКУ други, многумина ги еПознавате како Scymex нашата воена легенда! Aexil Kong, Hoban! LazarosaMKD! Kanopy! Ivan! El Che G! United Macedonia! Voix! Mudash! Shadow! Worrior и многу други, нека ми простат ако нема да ги споменам. Навистина се во голем број!
А главниот на фаланга, не би можел а да не завршам со него! Дечкото е буквално 24/7 на канал и неможе да биде НИКОЈ друг освен он, главен на фаланга! СЕКОЈА ЧЕСТ ЗА MagiMaster!
Настрана од овој тим и посебно дејствуваа Kirijana, PrincessEmilly, The Grand Admiral, kral4eto, svetecot, demigodmk! Сами и доброволно последните денови пристапија на претседателскиот канал и во многу наврати самите од свој џеб донираа на оние на кои им беше потребно! Секој си ја вршеше својата функција!

Пред да завршам да кажам уште нешто, морам да бидам маж и да се извинам за она што го кажав за Smekerot! Тоа не личеше на мене! Дечкото си ја изврши функцијата достоинствено и се беше како што треба а јас напишав нешто што не требаше! Луге сме, грешиме. Јас се извинив тогаш но он побара да му се извинам на поинаков начин па тоа но не го сторив затоа еве овде пред сите и цела Македонија ти се извинувам!

Што друго да кажам а не кажав...

Ми беше чест да служам на еМакедонија и Вам!
Пробав да го направам тоа на најдобриот начин, онака како што само таа една и единствена Македонија заслужува!
Уште еднаш извинете оние кои не Ве споменав, навистина ве имаше многу!
Бевме обединети и тоа е најбитно!


На Македонија и претстои навистина тежок период, колку јас некому сум му потребен не знам, мое е да си кажам, дека стојам на располагање на било кој!

Бидете здрави и живи и имајте Среќни Божиќни Празници!



Ваш и искрен,
За последен пат,
Претседател на Македонија

Душко Аврамовски