Старо ново претставување на тимот [Министерство за Информирање]

Day 1,477, 12:57 Published in North Macedonia North Macedonia by Ministerstvo za Informiranje

Поздрав еМакедонијо

Како што можете да приметите во Министерството за Информирање и овој мандат ќе биде истиот тим. Министер: Златко Каскаревски Замениците: Girl from MACEDONIA и svetecot. И во овој мандат ќе се потрудиме сите нови работи да стигнат до вас навреме. Исто така повторно ќе правиме интервјуа со кандидатите за Претседател на партија, Конгресменските кандидати и Кандидатите за Претседател на еМакедонија. Сите изборни резултати ќе бидат навремено објавени и на достапни на целата јавност.
Ако може да се смета за новост објаснувањата на некој ставки од еРепублик за новите играчи и помош како тие да се прилагодат на играта.



Новитети

Исто така ќе пробаме да вметнеме и неколку новитети во ова Министерство, а тоа ќе биде интервјуа со граѓаните на еМакедонија на кој ќе им поставуваме прашања за состојбата на еМакедонија.
Ќе пробаме на секој две недели да има и анкети кој ќе ги пополнуваат одреден број на граѓани кој ќе се изјаснат за тоа дали му даваат подршка и понатаму на сегашниот Претседател и доколку утре бидат изборите за кого би гласале (нешто слично како во РЛ).



Со мојот тим ќе се заложиме и овој мандат да биде со многу работа и посветеност за еМакедонија. Ќе се задржиме на старите и ќе додадеме нови идеи.
Се надеваме дека ова ви е доволна причина за да ги следите сите наши статии и да ни помогнете во остварување на овие идеи кој ги набројавме.
Ви благодариме на сите за укажаната доверба искрено се надеваме дека и овој мандат нема да ве разочараме.


Министерство за Информирање

Министер: Златко Каскаревски
Замениците: Girl from MACEDONIA и svetecot