Завршно обраќање [Министерство за Информирање]

Day 1,475, 06:22 Published in North Macedonia North Macedonia by Ministerstvo za Informiranje


Поздрав еМакедонијо

Поради тоа што денеска ни е последен ден од мандатот решивме да дадеме завршно обраќање до целиот Македонски народ за тоа што сме сработиле.
Мислам дека во овој месец од нашето водење на Министерството за Информирање се потрудивме сите промени навремено да бидат доставени до вас. Исто така пробавме малку да пишуваме и за други теми кој никогаш не биле во склоп на Министерството и се покажа дека не сме згрешиле бидејќи наидовме на позитивна оценка од граѓаните. За сите избори кој беа ние направивме интервјуа со дел од кандидатите и ги објавивме кандидатурите (ги објавивме оние кандидатури кој ни пристигнаа до Министерството) на кандидатите за партиските Претседателски избори, Конгресменските избори и Претседателските избори. Исто така дадовме објасувања за одредени ставки од еРепублик иако знаевме дека тоа не беше наша работа се потрудивме и издадовме неколку добро статии наменети за воените единици, политичките партии и др.
Во продолжение погледнете ги сите статии кој ги објавивме
1.Отворен нов канал за инфо
2.Работата на операторите на #eMKD
3.Нови мисии ден 1.452
4.Нешто околу работата
5.Кратки интервјуа со кандидатите за претстојните избори
6.JIZAN го враќаме овој регион
7.Нова промена ден 1,456
8.Резултати од партиските претседателски избори
9.Нова промена ден 1,459
10.Објаснување околу воените единици
11.Објаснување околу политичките партии
12.Дел од кандидатурите за конгресменските места
13.Отчет за сработеното
14.Конкурс за нов банер на Министерството за Информирање
15.Нова промена ден 1.465
16.Нови попусти ден 1.466
17.Официјални резултати од конгресменските избори
18.Интервјуа со дел од поранешните Претседатели на еМакедонија
19.Нова промена ден 1.469
20.Интервјуа со дел од поранешните Претседатели на еМакедонија 2дел
21.Нови попусти ден 1.471
22.Објаснување за новите играчи
23.Претставување на кандидатите за Претседател на еМакедонија
24.Објаснување како да гласате
25.Ризон каналите на еРепублик земјите

Овие се сите 25 статии кој ние ги напишавме со цел да ги информираме граѓаните на еМакедонија и да и помогнеме на еМакедонија.

Јас ова сам неможев да го остварам ако не беше мојот тим (тим составен од тројца луѓе но мислам дека одлично си ја изврши работата). Girl from MACEDONIA и svetecot кој беа присутни во секое време кога требаше да се објави некоја статија да ми помогнат околу собирање на интервјуата за статиите беа тука и во никој случај не се повлекоа. Им благодарам што ми помогнаа околу Министерството и што беа достапни во секое време.

Исто така морам да им се заблагодарам и наTepopucTa и CelarentE кој ми ја дадоа подршката и ми дозволија да го водам ова Министерство. Фала ви луѓе тука сум и понатака за вас.

И нормално најголема благодарност имам кон сите граѓани на еМакедонија кој со своите позитивни и помалку негативни критики ми помогнаа да сватам кај грешам и кога постапувам добро. Без народ државата неможе да функционира тоа е логично. Ви благодарам на сите без исклучоци и без поделби. Се надевам дека не ве разочарав и си ја извршив работата како што требаше.

Искрено се надевам доколку следен пат бидам дел од некоја Влада повторно ќе ја имам подршката од сите граѓани и ќе се потрудам да не ве разочарам.

Доста беше гњавење одморете малце од секојдневните статии на Министерството за Информирање 🙂.

svetecot: Ми беше голема чест што бев во тимот на ова министерство и што работев заедно со Наташа и Златко со кои дадовме се од себе во изминатиов месец. Сакам да му се заблагодарам на Златко кој ме покани да бидам во тимот на ова министерство. Напишавме неколку статии за да Ве информираме за новите промени, направивме интервјуа итн... Се надевам дека добро ја извршивме нашата работа 🙂.

Girl: Ајде и од мене неколку завршни редови за овој мандат.. Најпрво мило ми е што бев дел од овој тим и за ваквата работа на ова министерство сепак најзаслужен е Златко.. Нема што многу да должам само би сакала да ве замолам да направите се за оваа еМакедонија повторно да завладее и да биде моќна како порано барем на миг заборавете на несогласувањата меѓу себе и барем на оваа игра да се обединиме и да покажеме кои наистина сме. Која е МАКЕДОНИЈА кои се Македонците и Македонките и колкаво е нивното срце и љубов спрема Македонија..знам малку ова не е во контекст на ова министерство ама..

Поздрав од мене и од мојот тим со кој се посветивме максимално колку што можевме. Одиме во пензија до наредната шанса која ќе ја имаме да бидеме дел од некоја Влада.

И да не зборавам. Ако не ви е тешко сите што ќе ја прочитате статијава да ставите едно Vote чисто да видиме колку сме биле омилени кај народот 🙂.

Немојте да заборавите
ДА ЖИВЕЕ МАКЕДОНИЈА БИДЕЈЌИ ТАА Е НАША СВЕТА ЗЕМЈА

Министерство за Информирање

Министер: Златко Каскаревски
Замениците: Girl from MACEDONIA и svetecot