Благодарам!

Day 1,125, 06:22 Published in North Macedonia North Macedonia by Apokaliptic

Пред се да изразам благодарност до сите Срби за поддршката на еМакедонија во евентуалната војна со еБугарија. Македонија не заборава - Македонија враќа, и за добро и за лошо.
Во овој случај за среќа за добро 🙂



Јас искрено попрво би ја нападнал еГрција, но што е тука е. еБугарскот претседател тука добро познат како Штрудлата, не остава баш некој простор за дискусија. А има и голем дел од граѓаните на еБугарија кои сакаат војна со нас.

Но не е се така црно-бело, има и доста Бугари кои не сакаат да ја нападнат еМакедонија.
Една група веќе почна да носи аватар со натписот “Не искам да нападам Македониа“,
или на Македонски јазик преведено “Не сакам да ја нападнам Македонија“.
Од технички причини направија и нов аватар, кој во скоро време ќе почнат да го носат.


Еве го нивниот постар аватар.




А еве го новиот.




Поради оваквите совесни Бугари не ми се војува со еБугарија ама што да се прави кога не можам да ги подберам само оние кои заслужуваат. Да беа во две различни еБугарии, онаа во која ќе беа Штрудлата и неговата дружина одамна ќе беше избришана од мапата.
Ама како што реков, што е тука е.