За Подобро Утре

Day 1,083, 15:29 Published in North Macedonia Poland by kojoti2

Како можам да помогнам на еМакедонија?

Верувам дека секој си поставил деновиве вакво прашање, секој ден Македонија напредува и верувам дека многу сакаат да помогнат во нејзиниот раст економски и воен.

Нашите водачи вредно работат и сигурен сум дека има многу добри вести кои допрва ке ги чуеме и кои се држат во тајност а сите ги знаеме причините зошто.
Во прво време бев сомнителен на некои од чекорите што ги видов но сега гледам дека се оди на добро и Македонија е на добар пат да го фати летот на Phoenix и да се дигне во регионална сила.

Ние сме им трн во око на некои од нашите соседи и се што пишуваат е само доказ на нивниот страв од нас, не гледаат како секој ден раснеме и созреваме повеќе и повеќе.

Горд сум што сум дел од идната Македонска империја и што имаме добри водачи.


И уште еднаш апел до новите играчи не се борете има време кога ке гинеме за Македонија, штедете си го здравјето работете со Health над 90, работете за наши компании, купувајте наши производи.

Lion is wake.....

Macedonia is rising....

Macedonian army, strong as one...