Известување за сите нови играчи и работници

Day 1,063, 02:48 Published in North Macedonia North Macedonia by Narodna Banka na Makedonija


Поздрав!

Пред се би сакал да посакам добредојде до сите нови играчи и ќе ги замолам што повеќе да останат во играта и да не дозволат Грција после 35 дена откако истекува заштитата на новите држава да не нападне и окупира туку ние да им го сториме тоа не они нас. Е сега да преминеме на темата ќе напишам нешто околу вашиот скил односно работењето.. не останувајте цело време во една фирма туку доколку покачите поголем скил аплицирајте за друго место со поголема плата со цел што побрзо да се развивате и да станете појаки играчи нормално.

Вашиот работен скил можете да го проверите така што ќе кликнете на вашето име кое се наоѓа на лентата лево и ќе погледнете во делот “Economy“ прикажан на сликата подоле ...



Како што гледате кај мене скилот е 10* Guru со 125.032 работни поени или имам уште 44% проценти до качување на следниот работен скил што ќе значи и поголема плата. Е сега на почеток вие се вработувате со работен скил 1 и затоа ако проверите (пишав погоре како) и имате поголем скил веднаш аплицирајте за повисок а воедно и повисока плата. Но за почеток мора првен да добиете отказ тоа се прави со кликање на менито My Places потоа Company и на крајот кликаме на копчето “Work“ каде што ќе видиме под името на компанијата има копче “Resign“ кликаме на тоа и сме ја напуштиле работата ..



Важно да се напомене:
1. Во raw компаниите (за сировини) може да добиете отказ после еден ден работа.
2. Во компаниите за готови продукти морате да работите минимално 3 дена.

Откако сме добиле отказ, следно што треба да направиме е да најдеме работа, тоа се прави со кликање на менито Market потоа Job Market каде што ни испаѓа следната слика ..



Потоа кај полето Skill level го избираме нашиот скил каде што потоа испаѓаат понудените работни места за тој скил и следно што треба да направиме е да кликнеме на копчето Apply. Тоа би било се за овој туторијал но важно е исто да ви кажеме немора баш одма да дадете отказ и да се префрлите во друга фирма пожелно е првен да пишете на компанијата каде што работите дека сакате поголема плата зошто качивте и скил за разлика од почетниот, доколку не го стори тоа за речеме 24 часа тогаш слободно префрлете се во друга.

И да денеска се формираше нова партија под името “ВМРО“ важно е да се напомене да не се вклучувате во никаква друга партија зошто таа партија е формирана од играч кој дојде од Бугарија. Единствена партија која е официјална и преку која ќе испаѓаат кандидати на парламентарни, претседателски избори е Obedineta eMakedonija затоа зачленете се таму откако ќе стигнете до 70 искуствени поени и ќе имате право да влезете во партија.



Тоа би било се моментално,

United Macedonia
National Bank of Macedonia