Добредојдовте - туторијал за новите играчи
Ministerstvo za Obrazovanie
Како што знаете привремено до првите претседателски избори се избраа раководители на поважните организации (идни министерства) како што се министерствата за економија и образование. Па затоа да започнеме со работа ќе гледам да напишам што повеќе туторијали за новите играчи што полесно да можат да ги поминуваат првите денови во играта, исто така сите коишто ќе видите нов играч во делот онлајн испратете му порака со линк до туторијалов.
Први постапки во играта:
» ставете аватар (донесува exp поени, ама само првото поставување)
» најдете работа (да би можеле да работите)
» работете (како би добиле плата)
» тренирај (да би нанесол повеќе штета во битките)
» купи леб (на ист начин се купуваат и останатите работи)
» јадете леб (да го вратите здравјето изгубено од работа, тренирање и борење)
1. Поставете аватар
Аватар е слика преку која начесто ќе те препознаваат во играта (освен со името) исто така преку аватарот најчесто се познава од земјата која што доаѓаш. Важно е на почеток да го поставите аватарот зошто ви носи искуствени поени и можете да го мењате колку пати сакате но само првиот пат ќе ви даде поени.
Аватарот ќе го поставите/измените така што ќе кликнете на просторот (прикажан на сликата подоле) односно тоа е вертикалниот дел кој се наоѓа на левата страна, а потоа кликнете на edit profile кое се наоѓа над просторот за shout (објава/извик).
и потоа ја добивате страната за аплоадирање на аватар
Сликата мора да ја имате во вашиот компјутер и она мора да биде во JPEG формат за да играта ја прифати сликата но не смее да биде “потешка“ од 512 KB, пожелна димензија за сликата е 140x140 пиксела или помалце зошто во спротивно ќе гледате само дел од сликата.
Кликнете на Browse и одберете ја сликата од вашиот компјутер и пред да кликнете “Make changes“ за да го поставите аватарот мора да ја внесете шифрата погоре.
Ако нејке да ви се промени аватарот кликнете повеќе пати F5 или десен клик reload ..
2. Вработување - најдете работа
Како нов играч немате развиено ниту еден скил и затоа новите играчи треба да се вработат во компанија со една ѕвездичка (тие се фирми со квалитет 1, инаку постојат и 2, 3, 4 и 5) затоа што при работење во компанија со 1 ѕвезда ќе губите само 1 сила дневно, што на почетокот е многу битно затоа што здравјето што ќе го изгубите се надополнува со леб а за да можете да си дозволите повеќе и поквалитетен леб потребни се пари кои и баш ги немате на почеток.
Списокот на фирми кои нудат работа ќе го најдете со одење во Market -> Job market
а тоа изгледа вака ..
На маркетот понудите за работа се сортирани по големината на платата, но внимавајте можете да аплицирате за работа само со скилот што го имате. Како што гледате погоре има само една компанија со (1 ѕвездичка) затоа вработете се во компанијата “Makedonija Grain" и откако ќе постигнете некој поголем левел вработете се во останатите државни фирми.
3. Работење
Работењето е активност која треба да ја извршувате секојдневно, зошто на почеток тоа е единствен начин да заработите пари. Покасно можете да отворите и вие сопствена компанија но тоа сеуште многу рано така да првен заработете солидна сума на злато/пари.
До работното место може да се стигне со кликнување на My Places -> Company
а потоа кликнуваме на копчето “work“
Откако ќе влеземе во менито кај опцијата за избирање на засилувачи (енг. boosters) го избираме бесплатниот (тн Single Espresso) и кликаме на копчето Start working.
После извршената работа може да погледнете колку пари сте заработиле, колку продукти сте направиле како и колку искуствени поени сте добиле и изгубената сила при работењето ..
4. Тренирање
Следен чекор откако ќе работиме потребно е да тренираме со цел да ја зголемиме војната вештина на нашиот играч, за тренирање може да пристапиме преку менито My Places -> Training grounds како што е прикажано на сликата подоле
Откако ќе го избереме тоа ни се отвара менито за тренирање, најважно е секогаш да тренирате само еден скил и тоа тенк барем засега зошто се најдобри на военото поле иако админите најавија враќање на стариот воен скил “strenght“ но додека дојде до тоа има време и ќе бидете дополнително известени доколку се случи истото.
Значи одбираме тенк исто и бесплатен засилувач (Army boots) и кликнуваме start training
за откако ќе го средиме тоа ќе можеме да ги видиме резултатите од тренирањето
За извршувањето на работење/тренирање исто така може и да пристапите со менито кое се појавува на почеток на страната секој ден кое изгледа вака (сликата подоле) и откако ќе ги завршите двете работи тренирање и работење со кликнување на Get reward добивате гратис искуствени поени од страна на играта затоа тренирајте и работете секој ден.ѓ
5. Купување на храна
Како играч на маркетот можеш да купиш храна (односно леб зошто не постојат други видови на храна) како и карти (за патување) во други држави, оружја (хеликоптер, тенк, пушка или артилерија). За пристапување до маркетот можете да одите преку менито Market -> Markeplace
потоа избираме храна (енг. food)
Каде што ни се појавува мени со карактеристики на лебот, со влечење на правоаголникот се сортираат карактеристиките на лебот односно здравјето кое го дава. Пожелно е обавезно да купувате од Македонски компании кои се во сопственост на Македонци со цел нашите денари да не заминуваат кај други државјани барем до конгресните избори тоа.
Откако ќе ви испаднат понуди ја впишувате количината на храната која што сакате да ја купите и потоа кликате на копчето Buy при што ја купувате храната и е подготвена за конзумирање.
Ова е се за првиот почетен туторијал во наредниот очекувајте нешто повеќе околу тоа како да се борите, како да конзумирате храна, како да читате весници и како да пристапите до чатот. Исто така не заборавајте за крај да кликнете на копчето “Subscribe“ односно да се претплатите на весникот со цел да ви стигне известување кога ќе има нов туторијал.
кога ќе стигне известување изгледа вака ..
Тоа е се,
United Macedonia
Министерство за Образование
Comments
ја мисЉим да је ок хах 😃
Браво за туторијалот ! Секоја чест.
Ќе биде од голема помош за новите играчи.
Браво!Добро изработено!
Ај ќе навалиме сеа 🙂
Добри слики
Добар туторијал
Добро сработено
Гласано
Само уште нови играчи да донесеме повеќе, него мене денеска бајги ми се сумњиви овие 30+ ..
Браво. Супер туторијал. Voted.
Браво !!! Супер изработено...
voted
Hail Republic of Macedonia
Hail Republic of Turkey
vote
voted
Hail Republic of Macedonia
Hail Republic of Turkey
V+S Makedonia Skopje
Добри слики
Добар туторијал
Добро сработено
Гласано x2
V+
Bravo mali 🙂 haha
Глас : )
и оди шаут од орг пошто ги потрошив моите xD
@ Aspadora
Fala vnucko 😃
абе не спамирајте тука, сите на фејзбук да барате нови играчи xD
kolku ova mi trebase pred 18 dena!!
VOT!
одлично сработено!
voted
Hail Republic of Macedonia
Hail Republic of Turkey
Добро објаснето за новите играчи да се снајдат
Најс Џоб...добро е објаснето 😒nob:
Браво , добро е 😉
Браво .Добра работа.
Сега сите Глас и претплата.
Браво за туторијалот !
Браво добре сте го направили! вот!
voted comrades
Hail Republic of Macedonia
Hail Republic of Turkey
VOTE
Hail SERBIA
Hail Macedonia
Prakajte im ja ovaa poraka na novite
Здраво и добредојде на еРепублик
Се надевам дека вашиот престој во Новиот Свет ќе ви биде пријатен.
Постојат многу работи кои ќе ви овозможат забава во Новиот Свет.
Но до сега, мора да се чуствувате прилично изгубено и збунето, обземени со нови информации кои ги нуди самата игра. Но, затоа ние сме тука да ви помогнеме да го започнете вашиот виртуален живот.
Како прво, прочитајте го http://www.erepublik.com/en/article/-1-1542561/1/20
Оваа ќе ви помогне во инзвонредно разбирање на основите на играта.
Исто така, ве молиме придружете ни се на http://www.emacedonia.info >нашиот форум
За повеќе помош можете да се обратите на државните институции како http://tinyurl.com/Crven-Krst >Црвениот Крст на Македонија и http://tinyurl.com/Obrazovanie >Министерството за Образование побарајте секаква помош од која имате потреба.
За да сте во чекор со сите нови курсеви за новите играчи претплатете (subscribe) -
http://tinyurl.com/Vesnik тука и редовно следете ги новостите.
Ви посакуваме многу среќа и забава во играта.
Да живее еМакедонија!
Гласано
Секоја чест за ова. Воут! 🙂
Супер ; )
192 novi igraciiii!!! yesssssssssssssssssssssssss
UNcle Ajs bravoooooooooooooooooo
Ivanchooooooooooooooooooooooo
inace prateni 156 poraki na novite igraci 😃
Честитке на новим играчима и поздрав из кршне еЦрне Горе (без камена)
Потпишите нашу петицију:
http://forum.erepublik.com/showthread.php/103462-eMontenegro-High-Stone-Region
Браво!
Добро сработено. 🙂
v+s
Voted!
Full support, wellcome my Macedon brothers.
HAIL MACEDONIA!
HAIL TURKIYE!
HAIL PHOENIX!
super
Браво. Супер туторијал. Глас и претплата.
Extra 🙂
Vote,,,,, "А и треба Грција да ја окупираме.." hahahaha zakon.
браво за туторијалот. секоја част.
Поздрав
Одлично
Viva la Macedonia 😃
Порака до новите играчи:
Македонија мора во Солун !
38 days to go...
Tik tak tik tak...
Браво за туторијалот, многу ми помогна да ја сватам играта.
Да живее Македонија, смрт за непријателите !!!
nice guide for the new eskopjan players. keep up the good work
"А и треба Грција да ја окупираме.."
хаха глас и претплата
Браво За Туторијалот !!!