ПРВО ПРЕСЕДАТЕЛСКО ОБРАЌАЊЕ [UNISTUVAC.MKD]

Day 2,879, 03:55 Published in North Macedonia North Macedonia by Narodna Banka na Makedonija


Почитувани граѓани на еРепублика Македонија !

Прво сакам да им се заблагодарам на сите што ме подржаа и гласаа за мене.

Се извинувам што волку каснам со обраќањево, но работите тргнаа жустро од сам почеток 🙂 Уште непревземана власт и министерства добивме НЕ од Американците, меѓутоа нас не не исплашија 500 години под Турците па сега Американците ќе не плашеле. Него нема везе, дипломатијата на чело со Северрус одма проработи и добивме огромна подршка од сојузниците иако сите знаеме дека таму отидовме поради други причини и немаме некоја корист од териториите. Сите потребни востанија во УСА се кренаа и тоа резултираше да не се пушти нападот кога на нив им одговара, а со тоа добивме и ослободена територија во Шпанија и Северна Кореа. Сега имаме уште еден мал проблем, а тоа се Аргентинците и нивниот АС 🙂 Постојат две опции за слетување : Оригинални територии и Канада. Е сега ако се дрзнат на оригиналните територии да мавнат колку за одвлекување на штета, нас не ни е проблем или ќе им го срушиме авионот на слетување или отпосле ќе ги истераме на клоци со востание. Како и да е многу многу нема да се замараме со нив. Додека ако сакаат да се вмешаат во Канада, тоа ќе биде една тешка и долга војна помеѓу сите држави а ние сме познати по тоа што скапо си ја наплаќаме кожата, па нека победи подобриот 😉