Нова партија, Mакедонска Народна Партија!

Day 3,685, 00:07 Published in North Macedonia North Macedonia by Phantom MKD


Добро утро еМакедонијо.

Како што наведив во мојата претходна статија се враќам повторно активно во играва.
Се надевам дека тоа ќе доенесе позитивни резултати и за мене и секако за нашата еДржава. Како место во кое секош ќе се пронајдам е полето политика. Иако за некого само к...а а за некого место каде што повеќе да се украде, јас го гледам сосема спротивното, место каде можеме да напредуваме.
Сметам дека имаме доста солиден кадар, и доста луѓе кои имаат огромно искуство во оваа игра па затоа се решив да создадам нова партија. Новата партија ќе имат за задача да пуштат најдобри кандидати на избори, и при тоа секогаш да бидеме во чекор со претседателот и секако со тоа што е најдобро за Македонија.
Со моето искуство како Претседател на Македонија можам и ќе се потрудам да придонесам квалитетни кандидати за на избори и пред се конгресмански избори.

Каде што за секој закон пред да се предложи ќе биде добро разгледан, каде што за секој закон ќе се дискутира со раководството на партијата и секако претседателот и неговиот тим.



Kвалитетна партија може да придонесе многу. Знам дека не е лесна идеја, но ќе се потрудам да ја реализирам. Луѓето горе долу се знајме. Некој години не се појдени во политика, некој настрана седат чекајќи шанса да се докажат.
Еве ви шaнса!


За почеток партијата ќе ги избира кандидатите што имаат поголемо искуство, па како што ќе се пренесува искуството и ставовите од партијата ќе добијат шанса и нови членови кои задача ќе имаат да ја претставуваат партијата и да се борат за секој закон да биде во интерес на Државата. Ќе има доста конгресменски пораки, како и пораки со членовите во партијата. На играчите кои вистина им треба помош ќе има донации, во вид на леб, или помош за теретани. (Секако ова ќе се спроведува преку документ)


Со ова сметам дека ќе се раздрма малце политиката во еМакедонија пред се на позитивно, затоа што сепак се трудиме да ги активираме и другите партии и пред се луѓето кои досега не биле активни во политика, да добијат шанса да се докажат, да напредуваат. Не можиме да се потпираме нон стоп на исти луѓе кои вистина губат значително време во играва а пред се во РЛ, ни требаат нови луѓе.



Името на партијата како што можите да прочитате во насловот гласи "Македонска Народна Партија".

Ќе ве замолам кој сака нека се приклучи, и да почниме да градиме една нова активна политичка еМакедонија!

Со почит.
Phantom MKD



За шаут
Нова партија, Mакедонска Народна Партија!
https://tinyurl.com/y9623gnc



И секако верен на традицијата!