Авио Академијата на МА

Day 3,829, 17:46 Published in North Macedonia Saudi Arabia by D0n4t3ll0

Здраво живо Македонци!

Веќе два месеци како немам напишано никаков извештај за авио проектот во МА. Ја одложував статијава од денес за утре и веќе претерав.

Од досега постигнатово можам да кажам дека јас и Судака сме задоволни. Секогаш може подобро, ама како за старт мислам дека докажавме дека проектот може да функционира. Не сме пренатрупани со членови но тие што беа дел од проектов сега се опремени акаунти спремни за бркање СХ медали.

Досега успешно го завршија проектов robislava и RedBarbarian и за тоа добија Блитцкриг Пакет од Судака.

Единицата како дел од овој проект досега има поделено (5 или 6) Пауер Пакети на: RedBarbarian, robislava и Taftabitaa.

Vojislavp и Foghat исто така го завршија проектот меѓутоа нив не ги следуваше Блитцкриг Пакет поради тоа што веќе беа делумно самостојни акаунти кога ни се приклучија. Без разлика на тоа, тие остануваат верни членови на МА.

Во текот на овие 4 месеци исто така имаме поделено многу храна, ку1 ку2 и ку3 куќи и пари како награда за секој нов ранк. Се разбира дека имаше грешки, компензации, доцнења, рл обврски итн, сепак ништо од тоа не не спречи да продолжиме да работиме заедно.

Голема благодарност до C U D O, davoritos и doktor dominator за несебичната помош до сега!

Сега откако ги изведовме на прав пат нашите досегашни ученици, во потрага сме по нови гуштери желни да научат да летаат со авиони 🙂




Во продолжение уште еднаш ќе ги повторам условите (кои воопшто не се комплицирани) за да ни се приклучите во нашата авио академија.

- Да имате Македонско државјанство
- Да бидете членови на авио четата на Македонска Армија
- Да го користите аватарот на единицата ( Аватар: https://postimg.cc/image/plvghacnb/ )
- Да бидете дел од нашата Вибер група ( https://invite.viber.com/?g=bGU1j8s0QUd6WiRo6Jv9ZP41x8YUgE1O )

Играчи со ранк и повисок од Chief Master Sergeant и играчи кои веќе имаат активен Пауер Пакет се исклучени од наградите.




Награди:

- За комплетирање на Дневните Наредби (ДО) секој ден во неделата (7 ДО) и да бидете во топ10 по број на убиства во единицата, само првиот пат добивате 1 ку1 куќа, а следната недела ку2 куќа.
*Појаснување: За да добиете ку2 куќа, мора да ја имате ку1 веќе активна. А доколку веќе имате добиено ку1 куќа како награда, сметаме дека можете во иднина сами да си купувате ку1 куќа заработувајќи од билетите за работа. Со тоа можеме да заклучиме дека ку1 куќата ќе стане задолжителна да ја имате.

- Сите кои што ќе бидете во топ5 по број на убиства во единицата, само и само во авио битки, во цела недела, добивате 1000 денари секој од вас.

- Секој месец играчот со најмногу убиства добива Пауер Пакет.

- Командантот секоја недела ќе доделува награда за најактивниот играч во вредност од 3000 денари. Тоа подразбира активност на Вибер групата, следење приоритети, барање помош, прашување прашања кога нешто не му е јасно. Еден играч може да ја добие наградава еднаш месечно.

- Прв СХ медал 5000 денари.

- Прв СХ медал за Македонија 10000 денари.

- СХ медал во многу важна битка за Македонија 15000 денари. Ваквите битки ќе бидат најавувани од командантното тело на единицата неколку часови претходно.

- За постигање на секој нов авио ранк ги добивате следниве награди:




- Секој играч кој ќе биде дел од програмата и ќе го достигне ранкот Chief Master Sergeant ќе добие Блитцкриг Пакет како награда за успешно завршување на програмата.




Секој заинтересиран играч е должен да ги контактира Гамбле_24 или СудакаМкд за да во поканат во авио четата и да ги внесат неговите податоци во евиденција.


Линк до единицата: https://www.erepublik.com/en/military/military-unit/459
Линк до ГАМБЛЕ_24: https://www.erepublik.com/en/citizen/profile/2567476
Линк до СудакаМКД: https://www.erepublik.com/en/citizen/profile/6200884


Гуштери ве очекуваме!
Сите сте добредојдени да бидете дел од Мacedonian Army o/