Каменот од Розета

Day 2,339, 11:33 Published in North Macedonia Armenia by KopajMakedonce


Каменот од Розета e антички натпис на црн камен од гранит создаден во Мемфис, Египет 196 година п.н.е. од македонскиот владетел Птоломеј V. Каменот содржи текст напишан на три различни писма: најгорниот текст е напишан со староегипетски хиероглифи, средниот текст е напишан на старомакедонско писмо(научна хипотеза) и долниот текст на старогрчки јазик. Каменот бil откриен во 1799 година од војникот Пјер Франсоа Бошар во „Француската експедиција во Египет“. Во време на наполеонските војни каменот од Французите и бил предаден на Британија и од 2003 година Египет демантира негово враќање.

Значењето и интересот што Каменот од Розета го побудил кај научниот свет се заснова на тоа што на него е запишан посебен указ, кој според современата наука се смета дека е издаден од свештениците за величање на фараонот Птоломеј V Епифан Евхаристос припадник на династијата Птолемаиди, кои биле Македонци од семејната лоза на Птоломеј Сотир, генерал на Александар Македонски по чија смрт се населил и завладеал со Египет. За указот запишан на каменот се смета дека е запишан една година по крунисувањето на фараонот Птоломеј V Епифан Евхаристос, поточно според денешниот календар на 27 март 169 година пред нашата ера. Посебниот интерес произлегува од тоа што овој указ е напишан на 3 писма, и тоа: со хиероглифи, со демотско писмо (според некои научници од МАНУ - древномакедонско писмо) и со старогрчко писмо.