[МКД] Јас нема да ги помагам Хрватите да си таманат пари во Египет !!!

Day 1,493, 05:53 Published in Serbia North Macedonia by GeneraI Maximus


Драги дами и господа,

Јас, Генерал Максимус, НЕМА да пукам и да им помагам на Хрватските ПТО претставници кои што сакаат да се легитимираат како валидни претставници на Египет !!!

Од една страна се дава регионот Синај што ни е линк до Кипар нелегитимно а од друга страна се помагаат странски нелигитимни претставници во политичко окупирање на наш сојузник - Египет ! Нема да дадам легитимитет на едно такво дрско однесување на Македонската Влада кон вистинските египќани и истовремено индиректно да ги помагам хрватите кои што директно потекнуваат од ЕДЕН земја која што лично допринела многу наши битки да бидат изгубени.

Затоа господа во Владата да си го врзите во крпче дека Македонија нема само овци за стрижење и дека ако продолжите вака ќе нема веќе волна за вас !

Сметам дека истото го мисли и Струмјанин кој што веќе во коментари го потврди моето мислење !



Моја обврска како патриот на Македонија е да ја заштитам од секое непатриотско однесување на сопствените лидери ! Ве повикувам сите патриоти да го разгледате ова и да го донесите вистинскиот заклучок.

Пукај за Македонија во Синај !!!

Искрено ваш,
Генерал Максимус
Si vis pacem, Para bellum !
* Macedonian Illuminati *