* Македонски Илуминати Регрутација * [Реобјава]

Day 1,242, 07:08 Published in North Macedonia North Macedonia by GeneraI Maximus


Паравоената единица Македонски Илуминати објавува регрутација за примање на нови членови. Единицата располага со следниве компании: Q4 компанија за оружје, Q3 компанија за леб плус за жито и железо. Со амбиции сме за надградба на компаниите во нареден левел. Во моментов сме во состојба да примиме нови 10 регрути кои треба да ги исполнуваат следниве услови:

- 1500+ strength поени
- работен скил 9
- да работат во фирмите од единицата за минималец
- да го носат нашиот аватар
- да бидат редовни на чатот

Сите заинтересирани нека го пополнат формуларов.
Влезот во единицата ќе ве чини симболични 5 голд со кои би помогнале во развојот на компаниите.
Сите заинтересирани можат да дојдат на каналот #illuminati.public и да прашаат се што ги интересира.

Би сакал да се обратам до сите заинтересирани и да ве уверам дека тие 5г нема да бидат во никој случај злоупотребени туку ќе бидат искористени за општо добро на единицата на која што вие ќе бидете член и директно да ги осетите придобивките на поквалитетен леб и оружје.

Македонски Илуминати не е единица формирана денес или вчера, Македонски Илуминати е единица формирана пред 4 месеци и одлично опстојува до ден денешен и со неколку мини регрутации се екипира со доста квалитетен кадар и за тие 4 месеци направи одлична основа за напредок на секој што би сакал да се приклучи и да просперира. Повеќето од вас се добро запознати со принципот на функционирање на една единица и ја разбираат потребата и оправданоста на тие 5г кои што верувале или не се симболични во однос на сите проблеми со кои се соочува една Паравоена Единица во однос на дневни потреби за суровини и пари за плати.

Затоа би сакал да апелирам до сите заинтересирани да не чекаат и да се пријават, час поскоро тие ќе станат дел од организираната воена моќ на Македонија, Моќ што ја влече Македонија низ овие месеци на самостојност кон врвот на светот !

П.С. Го најавувам и почетокот на работата и на Илуминати Радиото. Уживајте во секојдневните борби на брановите на Илуминати Радио ! 🙂

Лично и одговорно,
Мартин Николоски
Лидер на Македонски Илуминати

..:: Si vis pacem, para bellum ::..
* Macedonian Illuminati *


Ќе ве молам за шаут:
Биди и Ти дел од Елитата !!!
http://tinyurl.com/RegrutacijaIluminati