We Are UMF !

Day 2,578, 07:47 Published in North Macedonia Switzerland by Dumbledore.

Здраво горди Македонци 🙂

После цел месец стабилизирање сакам да Ви ја претставам нашата старо-нова единица UNITED MACEDONIAN FORCES добиена со спојување на Prime Lords i MNA. Беа контактирани и други единици да ни се придружат во спојувањето, меѓутоа наидовме на голем скептицизам и одбивање, велејќи дека идејата нема да ни успее.
Епа да ги разочарам таквите, ќе кажам дека одлично функционираме а резултатите се видливи :

и ова е само почеток. еМакедонски единици спремајте се, ќе ве мачкаме 😛
Според весников влегуваме и во ТОП100 единици во цел ерепублик.

Како за почеток, добро е 🙂

Имаме поделби два пати во неделата (среда и недела) со пополнување на формулар и со присуство на нашиот нов ирц канал #umf.public .
Нормално, ние Сениорите имаме формирано фонд за црни денови и големи битки. Продолжуваме со традицијата на помагање на нашите членови да ги изградат своите теретани во ку4, и за тоа моментално сум задолжен јас.
Прва и втора девизија како и до сега се стимулираат да не пукаат за да не качуваат левел, туку да се јачаат и да станат тенкишта во ниските девизии...

Исто така, продолжуваме со наградување на најдобрите тројца од трета и четврта девизија. Од претходната недела тоа би изгледало вака :









Најголемиот проблем беше аватарот 😃 Не можевме да најдеме активни играчи кои се разбираат во фотошоп и би сакале да освојат неколку голдчиња 😃
Од Кире ја добивме оваа верзија која одлучивме да биде и официјалниот аватар со можност за ставање сопствена слика во средина




Како и да е, слободно можам да потврдам дека функционираме перфектно, со 7-8 активирани ку7 фабрики за оружје, со многу вечерни дружења на каналот, со координирани ингејм групни пораки....
Секој кој сака да ни се приклучи е добредојден о/
За повеќе информации контактирајте не мене или Алисс или Кире или P R O .

ЗАЕДНО СМЕ ПОСИЛНИ о/
LONG LIVE UMF !!!


напишано од Алисс