Monsters and Man

Day 2,041, 07:39 Published in North Macedonia Pakistan by Light Angel

Од кај да почнам незнам,толку идеално надвор за плажи и одмор,а јас толку многу глуп да се замарам со играта,или не?
Незнам за вас, ама во слободно време ме релаксира,дури почнав од работа да играм,а од шефот забрането е 🙂..Епа , поради таа релаксација,релаксирано ќе одиме и со напишаново,шо значи напнати луѓе неќам да видам , можат само воте и суб да удрат и да напушат терен одма..Ви благодарам.
Се изначитав статии на себе слични,затоа нема да делам, да не ви дојди топлотен шок одма🙂.
Абе тинејџери, играта е забава,а оваа нуди и стратегија,и ако е така оти да не се забавуваме во тој стил без емоции,м?
Оти веќе конечно не заборавиме на минатото и продолжиме со моментот сега,за утре да ни биди пријатно.
Со секоја женска или дечко шо сте раскинале, сте ги преболвале толку долго?Па и да е така,имало некоја силна љубов,а овде кој ќе биди изговорот?
Љубов е во прашање и тука, каква? Зошто? Затоа што во играта барем ќе не сакаат,кога неможиме да го добиеме онаму кај шо ни треба најмногу,ахх.
Колку и да редите причини јас сите ќе ви негирам , не дека ќе бидам во право,туку дека ќе имам аргументи и ќе ви докажам дека љубов на хартија не се создава, се гради со допир,другарство и разбирање,ама за жал не виртуелни.
Ајде,земете во предвид минатото на еМК, оние кои барем ги знаете,еБугарија ,еТурција, еСрбија, еСАД и да не редам кој уште,колку се сакавме,каде сме сега во играта со нив и колку не почитуваат во вистинскиот ни живот,м?

Затоа,како шо го напишав насловот,одберете што ќе бидите,дали овде ќе продавате принципи и ќе ширите љубов или секој ќе ви биди потенцијален оброк?
Долго време, барем мое мислење е дека се обидуваме да бидиме она шо вистина сме,луѓе пред се,и да со одредени исклучоци, немислам на DSW, без навреди 🙂.нешто друго,ама се ова на погрешно место...И само заради тоа,само заради погрешниот избор на тоа глупаво место, не снајде она шо не снајде и во реалноста.
Да, да, ги променивме местата за жал, во вистинскиот живот треба да бидиме луѓе, а овде,овде да имаме одредени принципи,оти и животните ги имаат,и да се бориме за нов успех(оброк),кој секој од нас го сака.
Не бе,нема да јадиме живи луѓе 🙂,ама ќе го јадиме психички и воено секој кој ќе ни се спротистави и не повреди.
Затоа,ве молам , стабилизирајте се, играјте стратешки,заборавете на минатото,оти иднината е таа која ни претстои.
Нема да зборам потпишете договори со овие или оние,туку само ќе нагласам сакајте ги оние со кои сме сега и закопајте го минатото.
Можеби доминиравме во минатото,ама и ранетиот лав е опасен.

Поздрав и кој разбра , разбра , кој не,па можи нема и шо да се разбери 🙂.

П.С.Немора да дискутирате, иако секогаш го барав тоа,доволно е суб да ставите 🙂, а и полесно ми е оти си кажав мислењето и помина време точно колку шо ми требаше🙂.


The End

The present is theirs, the future, for which I really worked, is mine!!!