Macedonian Civilian Forces

Day 1,861, 18:59 Published in North Macedonia North Macedonia by Nick Slaughter MK

Macedonian Civilian Forces е присутна на бојните полиња околу една и пол година. Основач на истата е Harvester of Souls. Единицата брои околу 300 членови од кои голем процент се активни бидејќи често вршиме ажурирање на членството.

Она што ме донесе во МЦФ е тоа што секогаш беше отворена за сите, без разлика на сила и ранк. Уште се свежи сеќавањата за условите кои ги поставуваа некои единици за влез кај нив, а во МЦФ такво нешто никогаш немало. Во тој период само МЦФ и МНА беа полиберални во однос на тоа прашање. Нашата единица во тој период се финансираше од донации од побогатите играчи бидејќи рефундот не беше доволен да ги покрие трошоците за тенкови заради малата просечна сила на нашите борци.

МЦФ скоро секогаш е на 5то-6то место по убиства и на 7мо-8мо место според направената штета. Според бројот на членови сме четврти. Вчера, на денот кога ја превзедов диригентската палка во единицата, остваривме рекорд според направена штета, 292.112.940.

Во МЦФ е многу интересен фактот што често се менуваат командирите според тоа кој има најмногу рж време. Структурата е таква каква што е - кај нас нема тенкови бидејќи МЦФ нудеше прибежиште на сите цивили кои бараа ажурност во менувањето на ДО како и рамноправност кога се организираа удари, а не поделби според тоа кој колку сила има. Довербата помеѓу членовите е на највисоко ниво, иако ретко кој со кого се знае лично. Се надевам дека напролет ќе се создадат услови за прва наша собиранка која би била во Скопје, но за тоа кога ќе дојде време.

МЦФ секогаш била и ќе биде отворена за влез за секого, па ова може да се смета и како покана за секој кој нема своја единица или не е најзадоволен од таа каде што е, да се придружи на МЦФ. Членството е без обврски, а придобивките се ажурност во менувањето на ДО, многу дружење на нашиот канал и помош за е-бебињата секогаш кога им е потребна.

Топ приоритети кај нас се истите кои се и кај најголем дел од единиците, пукање за Македонија и против Грција.

За тие е-бебиња кои ги читаат статиите до крај, а се членови на МЦФ, следува симболична награда. Нека се јават во коментар.


Long Live eMacedonia