EDEN vs ONE [EDIT]

Day 1,236, 16:18 Published in North Macedonia North Macedonia by Bojan Almighty

ЕДЕН и ОНЕ сериозно војуваат меѓу себе. Од ЕДЕН цело време излегуваат некои статии во кои ако некоја земја загуби само една рунда во војната со некоја ЕДЕН-држава тоа одма значело дека ОНЕ пропаѓа и дека наскоро ќе ги снемало, но да ги видиме фактите...



Земји членки :
Да видиме како стојат со територии нивните најсилни членки Романија, Хрватска, Грција, но да видиме како стои со територии и Бугарија иако според мене не спаѓа во таа група на најсилни членки на ЕДЕН.

Романија
Романија не го издржа налетот на Унгарија и ги изгуби своите територии, но Унгарскиот напад врз Бугарија го искористи Романија и успеа да си ослободи еден свој регион.
Романија = 1 регион

Хрватска
Хрватска беше во иста положба како и Романија. Не успеа да го издржи налетот на Србија и ги изгуби сите свои територии, но Српскиот напад врз Бугарија и даде можност на Хрватска да го извлече максимумот од таа зафатеност на Србија и така Хрватска успеа да си ослободи 2 свои региони.
Хрватска = 2 региони

Грција
Грција изгуби 3 оригинални региони во војната со Турција и регионот Северен Кипар кој претходно го држеше под своја власт, но зафатеноста на Турција на 2 фронта им овозможи на Грците да си ги вратат изгубените региони.

Бугарија
Бугарија одреден период имаше успех во Иран, но сега ситуацијата е тотално променета. Бугарија сега се соочува со 5 војни меѓу кои војна со Македонија, војна со Србија, војна со Унгарија, војна со Турција, војна со Иран. Во налетот на Србија, Бугарија изгуби 2 оригинални региони, но успеа да ги искористи 3те дигнати востанија на Српски територии и да си ослободи еден од изгубените оригинални територии, но денес е на пат повторно да изгуби оригинални територии како во војната со Србија така и во војните со Македонија и Унгарија.
Бугарија = 5 оригинални територии чиј број набрзо ќе се намали
Бугарија = 2 оригинални региони




Земји членки :

Да видиме што направија членките на ОНЕ во текот на изминатите неколку недели...

Србија
За Србија е доволно да се каже дека целосно ја избриша Хрватска од еМапата, држава која е една од посилните држави во еСветот и дека Србија е сега на пат да ја избрише и Бугарија од еМапата.

Унгарија
Успеа целосно да ја избрише Романија од еМапата, држава која како и Хрватска е една од посилните во еСветот.

Македонија и Словенија
Со заеднички договор успејаа да ја избришат од еМапата Италија и на тој начин да ја освојат ресурси кои ќе им користат во натамошниот економски развој, а со тоа и во развој на ОНЕ.

Турција
За Турција треба да се напомене дека по 2 месеци окупација од Грчка и Романска власт успеа да се ослободи и да ги потисне од нивната територија двете окупаторски држави, но треба да се спомне и освојувањето на трите оригинални региони на Грција и регионот Северен Кипар.

Едно прашање до сите тие кои пишуваат статии и кои кажуваат дека ЕДЕН набрзо ќе го уништи ОНЕ...
Како ли мислите да го запрете нашиот налет кога ги снемува вашите територии и кога од ден на ден ОНЕ станува се посилна и посилна алијанса ??

Имам да им покажам само 2 слики на членките на ЕДЕН...