eВМРО ДПМНЕ

Day 1,611, 00:41 Published in North Macedonia North Macedonia by Persej Makedonski
ОВА Е ПРВА МОЈА СТАТИЈА КАКО ПРЕТСЕДАТЕЛ НА еВМРО ДПМНЕ


ПРВО И ОСНОВНО што треба да се знае за партијава е нејзината отвореност за соработка со секоја од постоечките партии, се со цел трка со идеи за напредок на Е-Македонија и доаѓање до посакувани повеќе ресурси.

ВТОРО Сите наши членови се битни за партијава, се повикува секој член да допринесе со идеи како би ја направиле партијава подобра и поорганизирана

Затоа оние кои имате skype пишете ми во порака во играва или секоја вечер после 21:00 пишете ми на ZORAN_MIJALKOV1979 на skype

Исто така доколку сте согласни може да направиме и група на ФБ - еВМРО ДПМНЕ каде оние што саката би станале членови со вашите ФБ профили

Играва е за дружење, така да би можеле да размениме и мобилни броеви - повеќето имаме опции за бесплатни разговори меѓу себе

- СЕТО ОВА Е СО ЦЕЛ ПОГОЛЕМА КОМУНИКАЦИЈА И ДРУЖЕЊЕ КОЕ БИ ДОПРИНЕЛО ЗА КООРДИНИРАЊЕ НА ГЛАСОВИТЕ ЗА ВРЕМЕ НА КОНГРЕСМЕНСКИТЕ ИЗБОРИ


ТРЕТО Секој од вас може да се пријави за конгресмен - но пред се е важно да вети дека нема да прави глупости во стилот погрешно пуштање закони или продавање на државјанства

Знам дека секој сака да има барем еден медал за конгресмен, тоа можеме да го оствариме само со добра организираност и несебичност - ако овој пат некој е влегол во конгрес, тоа не значи дека наредниот месец нема да ви дојде и вам редот ( Значи за да имаме повеќе конгресмени сите ние треба да одвоиме време на денот на изборите и координирано да гласаме за нашите кандидати за конгресмени - и бидете сигурни ВИ ГО ДАВАМ МОЈОТ ЗБОР - на секој ќе му дојде редот да стане конгресмен, за жал не можеме сите одеднаш да бидеме конгресмени, ќе одиме месец за месец и ќе се трудам секој од вас доколку има желба стане конгресмен )


ЧЕТВРТО Ве замолувам сите кои имате време и желба да се пријавите кај мене и да направиме кружна порака во играва - која ќе претставува Раководство на партијава


ПЕТТО Бидејки пред секои конгресменски избори се случуваат нефер работи како правење мулти за да се покачи бројот на членови на некои други партии, ве повикувам како членови да ги повикате своите пријатели и соборци од вашите единици да ни се приклучат како би се одржале во ТОП 5 партии во Е-Македонија

Ние сме отворена партија и секој со добра мисла е добредојден


Искрено ваш Персеј Македонски