9ти Роденден еРепаблик-3,288

Day 3,287, 12:53 Published in North Macedonia Indonesia by G A T O T K A C A


Пошто немаме МЗИ,владата мува не ја лази да си ја заврши дел од својата работа да не извести за ова..решив нешто аматерски да ве информирам.

Стариот Плато е се постар,но исто така и подарежлив(сам за себе тоа си го мисли).

За 9годишнината Плато приреди 9дневна прослава,со награди и епски битки.
Меѓутоа,како ќе земете една награда така ќе одклучите нова,што значи дека ако се логирате и одработите секој ден сите награди ќе ги добивате редоследно.
А доколку прескокнувате по некој ден,ќе продолжите со собирање на наградите од таму каде што сте застанале.

Иако се сите награди изненадување и ќе се откријат од ден во ден,имајте на ум дека наградата која ќе ја добиете последниот ден и останатите во низа нема да се рачунаат за Вистински Патриот.

Во текот на овие посебни битни на Плато,доколку се натпреварувате во нив ќе добивате плус 2 престиж поени се вкупно 3 за разлика од епските кои носат само 2.

За да има повеќе ЕПСКИ битки,сите ќе можете да правите 90% повеќе штета од нормално.

Забавата почнува од ден 3,288...бидете логирани и спремни со барови,ќе има добра забава.

Ви благодарам и ве замолувам за шаут нека видат што е можно повеќе македонци активни и двокликаши,нека се разбудат од зимскиот сон!

🙂