3 во 1 од едно Прваче

Day 2,803, 23:10 Published in North Macedonia North Macedonia by gospodinotbitola
1. Порака до сите Д2 и Д3 профили

Драга наша Д3 и Д2 е-популација, во овој дел Ви се обраќам на Вас за да ве информирам за нешто што повеќе или помалку голем дел од Вас веќе го знаете. Ќе ви кажам како преку бројки и практичен пример од лично искуство можете да заработите многу средства (пари/голд).

Прво, економијата е тапа и нема никаква поента во вложување во компании. Единствената опција во овој момент се паковите Infantry Kit и Power Pack. Но како до нив кога се многу скапи (околу 135 к цц) или 475 голд вкупно!? Многу е лесно, срушете компании и/или позајмете од Ваши пријатели! Така јас почнав, растурив Q7 фабрика па ги зедов и двата пакети.

Резултати: Феноменални (важи за Д3), со оглед на тоа дека два дена по ред бркав БХ медали (секој 3ти ден – во просек пукав во важни битки и не бркав БХ медали) имав вкупно 20 дена потрошени на БХ медали. Во просек во ден фаќав од 6 – 12 БХ медали, значи еве ако земам 8 БХ медали на ден x 20 дена = 160 БХ медали во месец или тоа се 640 голд во месецот.
Ако додадам на ова еден ден кога има БХ x 6 настан (плус 192 голд) тоа се вкупно 832 голд во месецот!

Со оваа заработка на голд, Вие си обезбедувате средства за нови пакови и чиста заработка од 357 голд на месец. Сето ова нема да е изведлво доколку не сте активен играч и не ја искористите придобивката од Power Pack-от (+20 recovery) секојдневно во текот на месецот и секако потребен е силен профил (колку појак профил имате толку повеќе и полесно се фаќа БХ медал)!
За Д2 заработката можеби би била помала, со оглед на тоа дека незнаам како се движи штетата за БХ медал неможам точно да тврдам за бројки.
Совет: Д2, Д3 (Вие активните играчи со сила поголема од 80k) - Баталете компании, доколку ги работите – ПРЕСТАНЕТЕ веднаш (јас немам ни работодавец за плата – сето тоа ве чини experience points и не Ви е во прилог), произведувам само Q7 тенкчиња колку да одработам нешто и тренирам за да земам “Daily Tasks”. Обезбедете си ги овие два пакета и почнете на тенкате јако, имате одврзани раци сега – без да кревате левели! Заработете пари/голд – помогнете си себеси и на Вашите пријатели !

Ако неработите компании а имате странско државјанство (cs), земете си еМКД cs бидејќи само од TP медалите земате околу 20 к цц месечно!

Доколку нешто не е јасно или имате било каква забелешка пишете ми ПМ. Паковите ги очекуваме за околу 3-5 дена (ако не и порано). Подгответе се брзо од наредна недела започнува и најавениот турнир на чети !



2. Порака до целата еМКД популација (особено Д4 профилите)

Момци и девојки, со цел што побрзо да го зголемиме бројот на профили кои користат пакови, пред се во овој момент со акцент на Д3 профили, во интерес на целата наша еЗаедница, превземаме акција за огранизирање и обезбедување на средства, селекција на најкритичните профили (профили со голема сила а се блиску до граница на наредна дивизија) заради нивно опремување со Infantry Kit и Power Pack-ови. Резултатите Ви се јасни, обезбедуваме нивна финансиска основа за понатамошно самоопремување со пакови, нема резервираност околу тоа да се пука или не заради влегување во нова дивизија, си ги штитиме и јачаме пониските дивизии со тоа што јаки профили се активни на долг интервал во своите дивизии, направената штета ќе расти во прилог на еМКД, и најбитно од се очекуваме зголемување на процентот на добиени битки во пониските дивизии во интерес на еМКД, градиме елити во помалите дивизии (Д1, Д2 и Д3)!

Ве молам за максимален учинок од Ваша страна како би собрале повеќе средства за да опремиме повеќе луѓе. Целата акција ќе биде максимално транспарентна и отворена постојано! Ве молам и за помош околу препорака на профили кои знаете дека се активни и силни, но се двокликаши од погоре спомнатите причини. Препорачајте Ваши пријатели, Ваши војници од Ваши Воени Единици итн и информирајте ме.

Драган Амповски (претпставувам голем број од Вас го знаете) http://www.erepublik.com/en/citizen/profile/4734369 - (за тие што не го знаат, тој е обединителот и основачот на нашата Д3 “елита”) ќе биде човекот кој ќе ги собира сите донирани средства.

За да се обезбедат повеќе средства излегуваме со предлог до Вас да помогнете и со позајмници кои подоцна ќе Ви бидат вратени – бидејќи самото опремување на луѓе од пониските дивизии е многу профитабилно на месечно ниво кога 2/3 од деновите во месецот одат по лов на БХ медали.
Значи:
1. Може да донирате неповратно цц (со напомена дека неповратно донирате);
2. Може да дадете позајмница во цц (со напомена дека е позајмница);
3. Можете дел да донирате неповратно а дел да биде позајмница (точно напоменувате која бројка е позајмница а која неповратна донација).

Овие неповратни донации / позајмници ги праќате до Драган Амповски (линк погоре) и истите пропратете ги со ПМ.

Избраниците ќе мора да прифатат одредени услови околу обезбедување на средства за враќање на овие позајмници подоцна – а за тоа сме сите ние гаранција.

Најавени Донации/Позајмници:
1. Dragan Ampovski – 1 x Infantry Kit & 1 x Power Pack (неповратно);
2. gospodinotbitola – 90 k cc (неповратно);
3. MTO National Force – 1 x Infantry Kit & 1 x Power Pack (парциално – повратно);

Ве молам да ја направиме листава што подолга ... Ве молам за повеќе донации како следниот пат би опремиле повеќе профили!

Изборот на кандидатите ќе биде дополнително објавен! Нивниот прогрес и активност ќе бидат постојано следени !



3. Потребни услови за добивање на пакови

Овој дел се однесува на СИТЕ заинтересирани Д3 и Д2 профили кои сакаат да аплицираат за донација / позјмница заради опремување со пакови (Infantry Kit & Power Pack).

I. Приоритет ќе бидат Д3 играчи на почеток (опремување на 8 нови играчи):
a) Активност во текот на целиот месец;
b) Сила не помала од 85 к;
c) Достапен/на за коoрдинација во важни битки (поврзан со групата корисници на пакети – кружна порака и/или вибер);
d) Во месецот што следи самостојно да си обезбеди средства за нов пакет;
e) Во месецот што следи самостојно да обезбеди 100% од вкупниот дел кој се води како позајмница (во зависност од собраните средства – секој ќе биде информиран колкава сума треба да врати после поминатиот месец);
f) Искуство во бркање БХ медали;
g) еМКД државјанство (необлигаторно нo е предност).

II. Продолжуваме со Д2 играчи (опремување на 10 нови играчи):
a) Активност во текот на целиот месец;
b) Сила не помала од 80 к;
c) Достапен/на за коoрдинација во важни битки (поврзан со групата корисници на пакети – кружна порака и/или вибер);
d) Во месецот што следи самостојно да си обезбеди средства за нов пакет;
e) Во месецот што следи самостојно да обезбеди 100% од вкупниот дел кој се води како позајмница (во зависност од собраните средства – секој ќе биде информиран колкава сума треба да врати после поминатиот месец);
f) Искуство во бркање БХ медали;
g) еМКД државјанство (необлигаторно нo е предност).

Значи сите заитересирани (Д3 и Д2 профили) кои не се во можност сами да си обезбедат средства за пакови и ги прифаќаат погоре споменативе услови, пријавете се кај мене gospodinotbitola: http://www.erepublik.com/en/citizen/profile/5421304 во ПМ. Истотака доколку имате прашања Ви стојам на располагање.

За крај, погоре споменативе услови d) и e) се лесно исполнувачки и не бараат посебен труд освен редовна активност !

Изборот на кандидатите ќе биде дополнително објавен!

[EDIT]

Моментална состојба со донации/позајмници:
1.You have accepted 90000.00 MKD from NENODS - позајмница;
2.You have accepted 1339.00 MKD from IvanVanchosBrother - /
3.You have accepted 2000.00 MKD from Gjurgja - /
4.You have accepted 2000.00 MKD from gnoj01 - /
5.You have accepted 2000.00 MKD from TRTE T - /
6.You have accepted 90000.00 MKD from gospodinotbitola - донација;
7.You have accepted 50000.00 MKD from splinter in your eye - донација;
8.You have accepted 60000.00 MKD from Aminta Makedonecot - /
9.You have accepted 6000.00 MKD from KovacoT
10.You have accepted 10000.00 MKD from mojov
11.You have accepted 6000.00 MKD from Bobi The Macedonian
12.You have accepted 6000.00 MKD from Aminta Makedonecot
13.

Ве поздравуваат,
gospodinotbitola;
Dragan Ampovski.