2 Години еРепублик -mac3donia-

Day 1,795, 02:08 Published in North Macedonia Thailand by mac3donia

Здраво другари , другарки , пријатели , непријатели итн. итн. Денеска пред точно 2 години започнав со играње на оваа (не толку) заразна игра . Поминаа 2 незаборавни години исполнети со дружење , зеабанции , кавги , дремење по канали , тролање , тепање гејци.

Прво сакам да се заблагорадам на "постарите" играчи кои ми помогнаа да навлезам во шемата на оваа игра - Иван-чхо , бато Лаки , Кире-то и уште мн други (се извинувам ако сум заборавил некој)

Многу непреспиени ноќи чекајќи напад на непријателот , многу поделби на оружја , лебови , еПари , злато итн итн , многу нови РЛ пријатели , но и многу еНепријатели ( среќа уште никој не ми се заканил РЛ ).

Да не ги заборавам деновите кога бев во еСрбија - незаборавни моменти поминати во МАРАТОНЦИ . Исто така несмеам да ги заборавам и моите најдобри другари и пријатели од ДУКЕС каде што го поминав најголемиот дел од мојот еЖивот . Бескрајно сум Ви благодарен за миговите поминати заедно, зезанциите на канал,РЛ собиранките....

Приликава ја користам да ги закопам "воените" секири со сите мои еНепријатели и да продолжиме да се зезаме како тоа што го правевме до сега . Мислам дека не вреди да се расипуваат пријателства за една игра , посебно не вреди за игра во која ниедно вртуелно богатство неможеш да го претвориш во вистински пари...Еден ден плато-Н ке ја затвори играта но пријателствата стекнати остануваат засекогаш.


Ајде да не речете "овој слави 2 години а ништо не дели" - ке поделам по 20 -љ3 леба и по 3 љ7 оружја на секој кој ке ја шоутира статијава....


МАКЕДОНЦИ - КОЛКУ СМЕ ТОЛКУ СМЕ , ТОКМУ СМЕ !!! ДА СЕ ДРЖИМЕ СИТЕ КАКО ЕДНО ОТИ НЕПРИЈАТЕЛИТЕ НИ СЕ ЗАД ГРБ !!!!





линк за шоут:

2 години еРепублик - mac3donia -

http://tiny.cc/s24emw


mac3donia