Припреми се Македонче, БУГАРИТЕ САКААТ ВОЈНА СО НАС!! [UPDATE]

Day 1,121, 02:39 Published in North Macedonia North Macedonia by PhoenixMK


Здраво народе Македонски.

Вчера, бугарскиот анти-македонски настроен претседател, во својот претседнички весник објави дека Бугарија се подготвува за влез во сојузот на кредитни картички ЕДЕН и дека сега е моментот да не нападнат! Најпрвин се објавија за неутрални, но неутралните земји не треба да потпишуваат МПП-а. Сеуште не се официјално влезени во сојузот де, но повеќето нивни конгресмени гласаат потврдно (ЗА) МПП-ата за склучување сојузништво со земји кои важат за едни од најмоќните членки во ЕДЕН !
Романија
Полска
Грција
САД
Кина
Хрватска
Гласањето заврши а резултатите од истото доволно зборуваат сами за себе. Очигледно е дека Бугарија сака да стави крај на нивната неутралност. Само што докажаа на дело дека се лажговци и лицемери - тоа најдобро го умеат!!!

Значи, новата воена "стратегија" за природен непријател по се изгледа дојде како гром од ведро небо за некои како благослов, за некои кошмар!  Беа во прашање само часови кога Турција или Грција ќе се прогласеа за природни непријатели. Србија очекувано ја прогласи Хрватска за природен непријател. Дилемата беше, кој ќе биде прогласен за природен непријател од страна на Бугарија? Најпрвин како што и претпоставував, ја прогласија Романија но законот беше отфрлен. Подоцна, некој од конгресмените ја стави Грција за природен непријател. Најпрвин ги прогласија за природни непријатели а сеа овие романциве и грициве колку да се покажаат дека ги подржуваат Бугарите, им предложија сојузништво.

Е сега драги мои, додека нашите "браќа" потпишуваат за мир со овие земји, прашање на време е која земја и кога таа ќе биде прогласена за природен непријател на Бугарија а со напаѓањето на таа земја официјално и ќе стане членка на ЕДЕН. Ќе ви дадам две алтернативи кои им преостанаа:
а) Македонија и
б) Турција
Одговорот ќе го дознаете откако ќе биде ставен законот на гласање во нивното собрание, а тоа според мене ќе биде во многу блиска иднина.
Според вулгарските тролови, и Македонија и Турција заслужуваат да бидат избришани од новиот свет поради тешките "злосторства" кои ги сториле над "кутриот" бугарски народ во реалниот свет. Турција поради долговековното ропство, а Македонија поради "велепредавство" на своите бугарски корени  😶 😉 колку само се внесоа во филм и самите не се свесни.

Иако со промена на ресурсите Бугарија својот интерес го сврте кон Азија, сепак нивниот претседник сака пред истекот на својот мандат да ја оствари својата програма а тоа е освојување на македонските територии.
ах тие нивни мокри сништа, нивната голема, великата мама Бугарија...што е тоа???
НЕМА ТАКВА НИТИ ЌЕ ИМА!!!

Значи, ПРИПРЕМЕТЕ СЕ МАКЕДОНЦИ!! БУГАРИ ДОАЃААТ! БУГАРСКА ИНВАЗИЈА! 🙂
Реченицава ме потсеќа на филмот "Инвазија на Марсовците" и НОЗЕВЕ МИ СЕ ТРЕСАТ ОД СТРАВ!!! КАКО СЕГА МИРНО ЌЕ СПИЈАМ?? 😒 ЌЕ ИМАМ КОШМАРИ ВЕЧЕРВА ДЕФИНИТИВНО

Ни останува само да чекаме да видеме на што ќе се реши нашиот источен сосед.... засега, Македонија го направи според мене најправилниот чекор... ЕМБАРГО КОН БУГАРИЈА!

Сепак, гледам дека дека многу бугари не ги подржуваат претседникот и повеќето членови на конгресот но тоа не значи дека ако не нападнат дека ќе седат со скрстени раце. Секоја чест на исклучоците како овој бугарин и други како него што знаат свесно и разумно да постапуваат но, за жал тие се многу малку.

Уште поодамна ми се отворија очите и си знам: НЕ МУ ВЕРУВАЈ НА БУГАР!!!

СЛОБОДА ИЛИ СМРТ! ЗА МАКЕДОНИЈА!!!

Ваш,
PhoenixMK