Да и помогнеме на малата ЕВА [TOMIBAIR]

Day 1,740, 09:38 Published in North Macedonia North Macedonia by tomibair
Побитно од парламантарни избори. од сите политичари, од партии, од сајмекси, аексили, грци бугари, битки изедначени, спортски натпревари, побитно од шо ке носиш вечер, од кај ке ебаваш, и шо ке ебаваш, ова е побитно од се заедно ЗА ЧОВЕЧКИ ЖИВОТ СЕ РАБОТИ!!!

Видисе самиот! Сетисе на цело твое минато, сите моменти, сите убавини, емоции таги радости. Сетисе на убавината на жовотот кога на сабајла ќе слушниш џагор од природата која се буди, ќе си излезеш на тераса кога сите спијат ќе ги наполниш градите со свеж воздух и ќе го пуштиш погледот во небесната убавина. Сетисе ама навистина, на твојте неостварени љубови, на гордоста и егото кои те спречиле во тоа, но сетисе и на убавината на љубовта, онаа вистинската која те крева. Кога игра твојот омилен клуб, кога си седиш со другарките другарите, која откриваш нови работи, и те води боженствената искра на хармонија во душата, колку е само убаво, да си жив, да си здрав, да плачиш, да се смееш, да помагаш, да оживуваш мртви, и да им овозможиш и тие да ги осетат сите сплетови на емоции во себе, цел тој склоп од чувства, бои, допири, мириси, надежи падежи.Не ми е поентата да глумам тука поезија, туку да се пикниш и подзамислиш малце, на сите убави чувства, кој ти го донесол животот. Сите страдања од изгубените блиски, и бар за миг да пробате да се пикните, на неколку секунди, во некој шо страда и тие околу него. Сите ние имаме секакви лични проблеми, брзаме таму кај шо не треба да се брза, науката технологијата ни ги зеде душите, не направи слепи, се замамаре на небитни работи, општеството е одамна сјебано,парата е пред човекот, човекот е небитен денес... но да не комплицирам и филозофирам, од вас барам да бидете хумани, да ја отфрлите мрзата, и сега одма во овај момент да донирате и поможите!
Нека ова прекрасно мало чоече има живот, и моменти, кои си ги имал ти, да подариш живот е најголемата среќа која можи човек да ја направи

Поради неможноста да се доплати операцијата која ќе и го спаси животот, четиримесечната Ева Илиевска со дијагностицирана тешка срцева мана (хипопластично лево срце) пред два дена беше вратена од Бугарија.



На родителите на Ева им останува да се надеваат дека постојат хумани луѓе кои ќе им помогнат да си ја спасат малата ќекичка. На своите Фејсбук профили тие објавија уште еден апел за помош.

- Ве молиме! Малата ЕВА ни умира на сите пред очи... Донирајте! Место да купите цигари и пиете кафе... дел од тие пари донирајте ги на телефоните! Малечката нема да издржи многу. 100, 200, 300 денари навистина нема да ве осиромашат!

Телефоните за донирање и трансакциските сметки за донирање од странство се сеуште отворени.

Ајде да и помогнеме на Ева да го дочека првиот роденден!



Трансакциски сметки: 300-0070827508-86 Комерцијална банka 200 - 0016518668 - 27 Стопанска Банка

Вип мрежа:077/143-402 T Mobile:070/143-191 One:075/143-161


Cите оние од странство што сакаат да донираат за малата ЕВА: 0024580171 STOPANSKA BANKA AD SKOPJESWIFT😒TOBMK2X NAME AND SURNAME😃EJAN ILIEVSKI IBAN :MK 07200002458017143 EUR MACEDONIA

Контакт со семејството : 077/629-309



Го гледав другарми како ми умира пред очи, болен од рак, и не можев да направам ништо за тоа, секој ден сите моменти поминати денес без него, се како потврда што тој пропушти од оваа убавина наречена живот!!! Го гледав дедоми како се мачи долго време вкревет, и таму не можев да направам ништо. Ама сега можам!!!! Можиме заедно!!! Да му поможиме на малечкото чупенце, да ги доживее моментите кои следат, и да го впие нектарот на животот!!

Ви благодарам!!!... а во продолжение видетеја мизерноста на ова капиталистичко општество, и гадоста на денешниот свет и направете разлика, и замислетесе.