Пресек (sub4sub)

Day 1,597, 19:06 Published in North Macedonia North Macedonia by Nick Slaughter MK

Бројот на претплатници на весников ја помина бројката од 500 што математички би значело дека сега ќе е полесно да стигнам до магичната бројка од 1000 претплатници и мм медалот. Но реално гледано, не е така. Од тие нешто над 500 претплатници, над 200 се од други е-земји. Има претплатници од Србија, Бугарија, БиХ, Хрватска, Грција, Египет, Иран, Пакистан, Индонезија, Кина, Тајван, Јапонија, Малезија, Нов Зеланд, Австралија, Америка, Канада, Колумбија, Венецуела, Аргентина, Бразил, Парагвај, Португалија, Шпанија, Франција, Италија, Словенија, Ирска, Холандија, Белгија, Австрија, Унгарија, Чешка, Литванија, Летонија, Шведска, Русија, Украина, Естонија, Црна Гора, Филипини, Англија, Полска, Албанија а можно е да има и од други земји. Најдобро во моделот sub4sub се соработува со Словенците и Индонезијците. Добро оди и со Бугарите, Србите и Црногорците. Најтешко оди со Пољаците, Романците, Турците, Финците и сите Јужноамериканци со исклучок на Венецуелците.

Кога го отворив весников очекував да нема потреба да барам sub4sub партнери низ цел еСвет, ама не било така. Македонците скоро и да не реагираат на шаути, најверојатно повеќето не ни читаат весници или едноставно не сакаат да сe претплатат и да помогнат. Воената единица МТО брои 3600 профили од кои сигурно над 1000 се активни, но ретко кои ставаат претплата на весници сами од себе со желба да помогнат, а златото добиено од ММ медал на било кој наш играч би одело за некаква надградба, тренинг, оружје и слично кое секако би било позитивно за еМакедонија. Арно ама, ретко кој размислува на тој начин.

Од вкупно 70 македонски играчи кои сум ги замолил да се претплатат на весников, позитивно одговориле само 20 и да претпоставиме дека се претплатиле уште 5 до 10 без повратен одговор. Значи воглавно не ги интересира и не сакаат да помогнат. Сосема различно е ако сум се преплатил на нивниот весник и барам само нивна претплата на мојот.

На ваков или таков начин, јас ќе стигнам до тие 1000 претплати, се надевам пред 1ви мај.

И за крај...

http://motivosparaamar.files.wordpress.com/2012/03/giorgia-palmas1.jpg?w=917