[ МНФ ] МНФ принципиелно ќе го подржи Strumjanin за претседател на еМакедонија

Day 1,172, 10:20 Published in North Macedonia North Macedonia by Boris Sarafoff

Почитувани соиграчи,
утре се одржуваат можеби најзначајните претседателски избори во еМакедонија.
После почетната еуфорија, мораме да се соочиме со предизвиците за ослободување, стабилизација и развој на еМакедонија.


Македонскиот Национален Фронт - МНФ е партија која се формираше со цел да ги обедини сите слободоумни и креативни граѓани на еМакедонија.
МНФ е партија која е формирана со цел да понуди здрава алтернатива и сериозна дебата во еМакедонија.


На последните конгресни избори (кои за жал на крај пропаднаа) само во западна Македонија МНФ доби околу 340 гласа, што ја прави сериозен учесник на политичката сцена.
Затоа, одлуката на МНФ да го подржи Strumjanin на овие претседателски избори не е за потценување.


Причини заради кои МНФ се одлучи да го подржи Strumjanin

1. Во овие моменти на еМакедонија и е неопходно политичко единство
2. МНФ е партија која ги почитува сите конструктивни соиграчи, без разлика на нивната партиска припадност
3. На еМакедонија во моментиве и требаат водачи кои ќе обединуваат
4. Нашата надеж дека Strumjanin нема да ја води државата како некои од досегашните претседатели
5. Солидната програма која беше понудена


Имаше и причини кои не тераа да размислуваме поинаку:

1. Партискиот интерес на МНФ
2. Јакнење и континуирано ребрендирање на МНФ
3. Проблемите и поразите кои ја следеа еМакедонија во последниов месец под водство на ОеМ
4. Слабата организација на државата
5. Добрата програма и солидниот кадровски потенцијал на МНФ


Но, за среќа успеавме со Strumjanin да се договориме за принципиелните позиции во еМакедонија. Не побаравме ниту една функција и немаме намера да учествуваме во Владата. Но секогаш ќе бидеме овде да дадеме конструктивни предлози.

Принципите за кои зборувавме со Strumjanin и кои за МНФ се најзначајни се:

1. Подршка на плурализмот, демократијата и фер односот помеѓу партиите
2. Силни инвестиции и реформа во функционирањето на АРМ
3. Формирање на Генералштаб на АРМ
4. Обид за воспоставување на единство на воените сили на еМакедонија
5. Принцип на отчетност во работата со државните средства и финансии
6. Пишување Устав на еМакедонија
7. Зајакнување на Министерствата за надворешни работи и здравство
8. Зголемување на обемот на државни резерви
9. Почитување на сите соиграчи
10. Еднаков пристап кон сите играчи, без разлика на нивната припадност во одредена партија или одредена воена/паравоена единица


Тоа е се што МНФ бара од Strumjanin.


Ова значи дека МНФ ќе продолжи да функционира како опозициона партија, но со овој чекор докажува дека е конструктивна.
Нашата цел е подобра еМакедонија.


Овде може да се зачлените во МНФ: http://www.erepublik.com/en/party/makedonski-nacionalen-front-3562/


Да живее МНФ !
Да живее еМакедонија !