Купување злато од Македонија преку SMS (Greeks, KEEP OUT)!!!

Day 1,113, 13:30 Published in North Macedonia North Macedonia by PhoenixMK

Здраво народе Македонски.

Денеска се случи нешто многу интересно и мислам дека вреди да се спомени за тоа.
И покрај тоа што веќе неколку дена може да купува злато преку СМС од Македонија, денеска официјално нашите "обожавани" админи не спамираа со пораки за да не известат дека можеме да купуваме злато преку СМС од Македонија. ФАЛААААА

Сигурно на сите ви е добро позната оваа порака (мене лично ми стигнаа 5 пораки со иста содржина).



Интересна е содржината на пораката (пу пу ГриЦите да не чујат) односно тоа што се споменува само името "МАКЕДОНИЈА" и тоа во три наврати заедно со насловот на пораката.



Еве чисто информативно да ја толкувам пораката:
Најпрвин се вели дека Македонија е додадена на списокот на земји од кои може да се купи злато преку СМС порака и се дава до знаење дека ќе ја пронајдете и ќе можете да ја селектирате МАКЕДОНИЈА во паѓачката листа доколку се решите да купите злато. Сепак, на паѓачката листа стои Република Македонија (.....).


Е сеа колку поракава ветува нешто не би можел да проценам бидејки факт е дека админите се изјаснија дека во Новиот Свет ќе се употребува името Република Македонија (.....) но не можам а да не го изразам своето задоволство од оваа ситуација и повторно во мене да се роди оптимизмот дека ќе успееме да ги убедиме админите да ја избришат таа одвратната кратенка која го придружува нашето уставно име РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА.



Е сега, oколу содржината на пораката и официјалниот став на админите во врска со нашето име, имам две дилеми:

1. Дека админите тивко и срамежливо се изјаснуваат дека го признаваат нашето име и покрај тоа што официјално не можат да го сторат тоа поради притисокот од Грките и нивните платежни картици и
2. Дека содржината на пораката е само стратегија на админите да заработат што повеќе од Македонците т.е. ни го лижат газот 🙂 (повеќе да е веројатно ова според мене, сепак има Грик што седи на администраторска фотеља)

Оваа порака богами добро ќе ги насолзи очите на "тие долу" и затоа истата ја објавувам овде за да им биде трн во око. Ништо чудно пак да почнат да местат аватари и да ја бојкотират играта... Едвај чекам да ги видам нивните очајни коментари и закани за репорт 🙂

Да напоменам дека механизмов работи супер, едноставен е а и доста брз. Јас веќе се "кредитирав" кај нив од чиста љубопитност. Епа народе Македонски, доколку имате вишок на парични средства на вашата припејд сметка или не сте ептен во "јама" паднати на пост пејд КУПЕТЕ СИ ЗЛАТЦЕ ЗА 1 ЕУРО Т.Е. ДВЕ 🙂 и пријатно трошење во Новиот Свет.

п.с. да не ви стани ова навика па мајка ви и татко ви да ви ги конфискуваат светите мобилни апарати поради високи трансакции 🙂

MACEDONIA FOR THE MACEDONIANS!!



Ваш,
PhoenixMK