[PhoenixMK] Што еМакедонецот не научи досега?

Day 2,006, 05:39 Published in North Macedonia North Macedonia by PhoenixMK

Здраво дечиња. Во играва сум спанко под дијазепам прилично долго време т.е. од лето 2012 Господово па откако вчера воскреснав накратко и набрзина ја проучив целата ситуација се решив да напишам статија за едно мое видување, за тоа што не следи постојано од додавањето на еМакедонија до денес.

Една работа која ја сфатив откако започнав да ја играм играва а особено кога влегов во политичките води е дека ќе страдаш од твои македонци, од пријатели, од "пријатели" и непријатели, дека не е се вечно и дека секогаш треба многу претпазливост и силни нерви.

ЛЕКЦИЈА КОЈА НЕ ЈА НАУЧИВМЕ ДОСЕГА: КАКО ДА НЕ ПАЃАМЕ НА ПРОВОКАЦИИ ПОТОЧНО КАКО ДА ГО КОНТРОЛИРАМЕ БЕСОТ.

Проблемот кај нас е во тоа што премногу емотивно се врзуваме за нештата и избувнуваме без претходно да се информираме а особено бесно реагираме кога некој ќе не нарече БЈРМ и генерализираме. Да, тоа е рана што кај сите нас не прекинува да крвари, неправда кон сите нас. Сите противници знаат каде Македонците се најранливи и секогаш ќе не ударат таму за да не демотивираат, понижат, да ни го урнат моралот и да направат да се чувствуваме како најомразената нација од сите. За жал, на противниците тоа често им успева а ние и после три години постоење никако да ја научиме таа лекција и постојано се сопнуваме од нивните стапици.

Со тоа што им реплицирате и со факти се обидувате да им докажете на сите тролови дека сте Македонец вие само повеќе ги храните а со тоа и ги засилувате истите и креирате простор за нови кавги и провокации. На крајот некогашните најдобри сојузници ќе станат непријатели а поради нивните ограничени тролови и нашата избувливост (пред се поради емотивни причини односно патриотизам) и досегашните поддржувачи на еМакедонија и неутралните ќе застанат позади троловите. Тоа им е и целта на троловите. Нема потреба да им докажувате на троловите, нема ни да го прочитаат Вашето мислење туку напротив ќе засилат уште повеќе по нивно. Не велам да им ќутите, вратете им со иста мера но барем не се понижувајте на некој си да му докажувате со линкови по историја што сте. ВИЕ СТЕ ТОА ШТО СЕ ЧУВСТВУВАТЕ! Насочете го бесот во нивните битки и поматете им сметките.

Да не должам многу, поентата на оваа статија ми е следново:

ВИЕ СТЕ МАКЕДОНЕЦ!

ЗА ДА БИДЕТЕ МАКЕДОНЕЦ НЕ ТРЕБА ДА ДОКАЖУВАТЕ НА ДРУГ ДЕКА СТЕ МАКЕДОНЕЦ, ВИЕ СТЕ ТОА!

АКО ДРУГ КАЖУВА ДЕКА НЕ СТЕ МАКЕДОНЕЦ ВИЕ ОСТАНУВАТЕ МАКЕДОНЕЦ! Никој не може да ви го одземе тоа најмалку некои си африкански племиња како гејците.

ПА НЕКА ПУКНАТ ТРОЛОВИТЕ ОД МАКА! Не им го давајте вниманието кое очајно го бараат.

Запомнете едно: Нема вечни пријателства, само вечни интереси.

Нема да зборам за кавгите и несогласувањата што сте ги имале деновиве, сепак тоа не е нешто ново, Македонци сме и кавгите се редовни кај нас. Некои се смирени и трпеливи, некои не/толерантни, некои избувливи, ебг секој со својот карактер и став но на краиштата кога некој ден во реален живот ќе се соберете со истите со кои сте се карале и си го направите тој муабет ќе се изнасмеете и ќе си речете "На што памет бевме тогаш"...ајде да се напиеме.

Не им давајте повод и причина да се насладуваат.
Се надевам дека работите кај нас Македонците ќе се сменат на подобро кога ќе воскреснам од пепелта следниот пат (трет по ред). 🙂

До тогаш останете ми со 2400 здравје и железни нерви
о7