[PhoenixMK] Продолжуваме со или без Турција

Day 1,489, 09:28 Published in North Macedonia North Macedonia by PhoenixMK

Македонци,

Денес се врти нова страница. Турција, нашиот можеби најголем и најдобар сојузник полека станува наш противник а најверојатно и непријател на военото поле за скоро време. Искрено, не сум многу изненаден за оваа нивна одлука.

Прочитав кај нивни артикли со гугл транслејт дека одлуката на Македонија да го поддржи влезот на Иран во ONE ја прелила чашата и бил столбот за нивната веќе донесена одлука за членство во ЕДЕН. Турците воопшто не се свесни дека токму Македонија, заедно со Унгарија и Србија (пред нивниот конфликт) беше земјата која најмногу лобираше за нивно членство. Додека бев МоФА во третиот мандат на Струмјанин и во мандатот на ДедаНое отидов дури до таму да се испокарам со Дурути и компанија заради Турците (кој ако го прашате зошто пукал против нас тогаш, ќе ви одговори поради мене и Струмјанин) а верувам дека и сите МоФи после мене лобирале за нивно членство и знаат што зборувам. Сепак, Турците се многу непредвидливи и горди, сами ја злоупотребија шансата која им се укажа (мислам четири пати водеа преговори со шпанците) за да влезат во ОНЕ. Вината не е наша. Секогаш сме се наоѓале во ситуации да бираме но овде повторувам, ВИНАТА НЕ Е НАША!

Турција ја продолжува традицијата на лошо управување проследена со одлуки кои драстично ќе им го изменат начинот на игра. Се можам да сварам, но не и ова. Се обидувам некако да ги разберам, но не можам. Од една страна знам дека се чувствуваат понижени од ОНЕ но од друга страна, бараат утеха и братство од земји кои до вчера ги понижуваа и ги отсликуваа како мисирки.

Ние македонците сме многу емотивни и нормално, ова за нас е како еден вид на инфаркт. Емотивноста и огорченоста македонците во оваа игра стандардно ја искажуваат преку весниците, коментарите и шаутите. Нашиот темперамент е многу променлив и индиректно ова влијае негативно врз нас. И искрено, да, навистина изгледаме како плачковци. Вчера имаше еден тон коментари и шаути за ова, едни навредуваат, други ќе напуштаат, трети не знаат што пишуваат.. Всушност, ова е и раната која постојано ни крвари и каде секогаш не гаѓаат нашите душмани а сега ќе не гаѓаат и турците.

Затоа, ВЕ ПОВИКУВАМ, НЕ ПРОВОЦИРАЈТЕ И НЕ ПЛАЧЕТЕ ПО НОВИНАРСКИОТ МОДУЛ И ПО ШАУТИТЕ. Премногу лесно се палите. Нема потреба да внесувате РЛ историја, да ги пцуете, НЕМА ПОТРЕБА. Тие во РЛ се наши пријатели но ОВА Е ИГРА! Не сакам да ги видам сите турци како инџите, да не навредуваат таму каде што најмогу не боли (а ќе ги има таквите), затоа обидете се да се воздржите, тоа не е наша одлука туку нивна.

И мене сеуште не ми се верува дека ќе се борам против луѓето кои најмногу ги почитувам на оваа игра но тоа не значи крај на светот. Можеби за година дена ќе сме со алијанса со Грција, СЕ Е МОЖНО!

Ве замолувам еднаш, засекогаш, станете цврсти, не си ставајте се при срце како да е крај на свет, ПРОДОЛЖУВАМЕ ПОНАТАМУ СО ИЛИ БЕЗ ТУРЦИЈА! Наше е да им се заблагодариме за се што сторија за нас и да ги потсетиме дека еМакедонија и македонците нема да ги заборават и дека никогаш нема да ги гледаат како непријатели во играва како што е случајот со еГрција, еБугарија и еХрватска и да се надеваме дека и тие нема да го заборават тоа што еМакедонија го направи за нив. Размилете за напишаното погоре, дали вреди и останатите турци да станат ко инџите, верувајте, на повеќето од нив не им е сеедно, јас мислам дека оваа одлука им е донесена во состојба на очајност и дека ќе зажалат за оваа одлука.

Како што напишав вчера, било што било, ќе биде што ќе биде, наше е да сме со кренати глави и да не паѓаме под провокациите.

Нека им е со среќа во новата фамилија и со нивните нови браќа кои до вчера ги понижуваа како гнасни кучиња.

А ние, ОДИМЕ КОН ИНДИЈА И ЌЕ РУШИМЕ СЕ ШТО ЌЕ НИ СЕ ПОПРЕЧИ НА ПАТОТ! Нека владее разумот, не емоциите

Ваш

(наредна статија после два-три месеци) xD

Shout
[PhoenixMK] Продолжуваме со или без Турција
http://www.erepublik.com/en/article/-phoenixmk-1-1926962/1/20