[PhoenixMK] Покајание на АрАмиштата до Џизс за своите сторени гревови

Day 1,252, 07:37 Published in North Macedonia North Macedonia by PhoenixMK
Краток историјат на времето... временските прогнози, склерозата и диносаурусите

Ногу одамна, незнам кога беше али како и да е Ногу одамна... далеку зад 6 ридови, 7 планини, 8 полиња и 9 мориња си живееше еден стар но ведар како мазно јајце дедо по име Ное т.е. DedaNoe. Овој дедо навидум изгледаше како обичен дедо но кога ќе влезеше на ирц тој ја добиваше силата (на ѓока) и се претвараше во op деданое... ај грешка друг филм беше тој. Сечи!

*** продолжуваме од погоре***

Овој дедо, DedaNoe, на прапочетакот живуркаше во трошна q1 шу-пичка 😃 беше стар но полн со живот. Немаше жена но имаше свое стадо. Еден убав прекрасен ден (во Јапонија ноќ беше а во Америка рано сабајле) овој дедо го изведе своето стадо еоФци на пасење во пасиштето. Сонцето пукаше, температура 39,2 степени целзиусови xD а во позадина на транзисторот се слушаше Цеца...

Неговите оФци постојано правеа бељи. Наместо да го слушаат тие постојано ја прескокнуваа оградата и одеа кај комшиите. Кутрите комшии, измачени души од честите провали на забеганите оФци постојано се жалеа на Деда дека им било крадено сеното, им било мочано по тревата па дури и нивните волци чувари биле заклани. А нивните мачиња езеДани.

И би МРАК...

И би ПЛАЧ и МОЛИТВА!




И би Џизс Холикрајстовски кој ги услиши лелекот и молитвите на DedaNoe за спас на неговото стадо осудено на вечни страданија во пеколот поради нивните сторени ненамерни и намерни гревови, се нажали и се реши да помогне... Го замоли да му донесе бокал со вода, легенче и гранче босилек на врвот на Шар Планина додека пак q4 крстот ќе биде на негова сметка. DedaNoe ги собра своите АрАмиски оФци и киниса кон врвот на Синај т.е Шар Планина на дејт со Џизс. Откако стигнал на врвот, му ги подал садот и бокалот со вода на Џи’зс за да може да започне со ритуалот. Џизс го запали кандилото и почна да кружи околу оФците пеејки молитва за да ги исчисти од гревовите и да ги избави од канџите на лукавиот и огновите на пеколот! Ја истури водата од бокалот во садот и со болилекот почна да меша и да прска наоколу по еоФците за да ги благослови. Откако заврши со ритуалот на прочистување, го замоли оФчарот DedaNoe да ги распореди офците и еден по еден да идат кај него на искрен (очивочи) исповед и откако ќе завршат да му ја бакнат светата реликвија, да ги попрска со светата водичка и со страшен глас да им рече на крај: ПРОСТЕНО ТИ Е ЧЕДО МОЕ! АМИН!

И би РЕДЕНКА:



Најпрв од сите се нареди оФчарот ДедаНое:
Холи Џизс, прости ми што ги толерирав АрАмииве и им дозволив да ги узурпираат пасиштата на конкурентите. Повеќе нема да им го давам рефундот, ниту храната насушна ниту да возат тенкчиња т.е тоЧаци.

Drashhh: Џизс, прости ми што убивав, крадев и лажев, што оставив милиони сиромашни без куќи т.е пасишта, штали и храна. Намерно беше.

Vancho: Џизс, прости ми, грешев. Во обид да ја најдам мојата принцеза на белиот коњ лажев многу женки, ги манипулирав, им купував скап наќит и ги носев на скапи излети со туѓи пари дури до Мексико. Никоја не ја оженив.

Чичо Љав: Џизс, прости ми што градев ситни дуќанчијна и економија ОГРОМНА! Продавав ситна роба со беспрекорен НЕквалитет поради која отрув многу оФци од други пасишта.

Борис Бејб: Џизс, прости ми што не им давав тоЧаци на моите колеги оФци, што ја нервирав Котеска и што отидов далеку преку океанот и се одвоив од моето пасиште.

Котеска: Џизс, прости ми што поставував економски и политички бариери за други женски оФци да не влезат во стадото и прости ми што постојано барав тоЧаци од Борис. П.С. помогни ми да му најдам шарпланинец на Љи-Џон

Феникс: Џисз, прости ми што напуштив функција министер за образование во вториот мандат на Струмјанин и го оставив сам да се справува со бебињата. Прости ми што младите оФци останаа необразовани. Многу ми недостига спамот што го добивав но сега ја гледам надежта со Џизс напред повторно да бидам спамиран...

Кракер: Џизс, прости ми што местев тендери за концесија на пасишта само за нашиот Офчар, прости ми што добивме концесија за сите пасишта и ги остававме гладни и боси другите Офчари и стада за нашите офци да добијат на килажа 😃 и сите заедно и среќно да си живееме

Maked0ner: Џизс, прости ми што се пазарев и им помагав само на моите колеги не и на конкурентските оФци да газат за рефунд. Заслужувам смртна казна со кикбан (без задршка) за ова. xD

Сајрил: Џизс, прости ми што мочав и серев по пасиштата на конкуренцијата, не можев да се воздржам од задоволство.

Мацедон: О Џизс мајти ван, прости ми што тепав и шутирав многу други офци на #emkd и што не им дозволив да пасат на пасиштето пљус препродавав точаци на црно.

ГокаГрозни: Џизс прости ми што сум Кумановец а не сум во Панзер xD туку во АрМакедон. Прости ми што сум новиот Ситен трговец ветувам дека ќе работам само и само за мене xD

Дјук: прости ми што секој час зборам за ерепублик али реферал е многу јака работа, голд беспари. Прости ми што спиев на монетари маркет а не во кревет кај жена ми

Џаџев: Џизс прости ми што не ти поверував од прв пат дека си Ти ТОЈ. Прости ми што сум слаб во кантер али ќе се подобрам


Фриќе: Џизс прости ми што немам време да ги рашљакам овие на #емкд. Кога само би имал повеќе време би го потрошил само на кикбанирање од емкд.

Егзорцист: Прости ми Џизс што шиткам тенкови на црно али знаеш како ти е ситна роба...дуќанчијна мора да се живее го нема во работењето xD

Ќепенци: Прости ми Џизс што гледам кај што нетреба. Прости ми што гледам мрсни клипови цело време

Фаца: Прости ми Џизс што немам доволно време... море кој те е** кој си па ти xD

Ерика: Прости ми Џизс што цело време ми паѓаат тенкови на лотарија и што имам врски во лотарија xD

Бутерфлај: Прости ми Џизс што сум џандарка xD и што јадев многу путер а постев!

Софче: Прости ми Џизс што и јас сум дел од Струмичкото лоби и мафија

Чернобил: Прости ми Џизс што не сум Фукушима туку Чернобил но јас сум старомоден

Еклекс: Прости ми Џизс што ги пцуев новорегистрираните глупави офци на форумот и не им помагав со добро.

Македонец 1989: Прости ми Џизс што поштувам демократија и чесно избрана влада и опозиција а мразам комунизам и индивидуализам.

Mкд фор Мкд: Прости ми Џизс што нонстоп барам тенкови а цело време продавам тенкови xD

Подмочани: Прости ми Џизс што сакам да си купам нов мобилен телефон а моите колеги немаат скршен денар да си купат бежичен.

ИРфан: Прости ми Џизс што не му најдов шарпланинец на Љи-Џон, неспособен сум да ја извршам таа задача а му ветив на човекот.

Брсјак: Прости ми што предизвикав спам кај Феникс со цел да постави рекорд и што на негов грб земав 200 претплати на мојот њуз пејпер. Прости ми што плачам како дете по Борис Бејб, ужасно ми недостига.

Командер Том: Прости ми Џизс што нон стоп кукуригам рано сабајле и им пуштам техно звуци на комшиите.

Крсте Ник: Прости ми Џизс за тоа што го знам ХЕДИЕС џуниор xD

Спасе Пекаро: Прости ми Џизс што го крадев лебот наш насушен, го сушев и на моите сограѓани им продавав мувлосан леб

Какаши: Прости ми Џизс што ги ограбував бугарските и грчките оФци на ММ и не им испратив 0.01 како надокнада

Чоканче: Прости ми Џизс што само по 1 чоканче давам кога треба цело шише ама што да правиш сиромаштија

Трте: Прости ми Џизс што сакав да извршам атентат на официјалнa офца и на нејзино место да поставам моја коза!

РАГ: Прости ми Џизс што имам дугачко име и никој не ми го знае али верувам дека некој ќе го запомни

Стефан: Прости ми Џизс...односно незнам што сум згрешил нема потреба да ми простиш

Христијан: Прости ми Џизс за тоа што сум од Припор и никогаш ама никогаш не користам микрофон освен глувиот микрофон

Џони: Прости ми Џизс што добивам опрема кога не сум на чат

Патриот: Прости ми Џизс што постојано прашувам на кое туѓо пасиште на мочам

DiegOoooo: Xhisus, forgive me (something) or I’ll shoot you with GROM!

На ритуалот на изненадување на сите се појавиja и Струмјанин & Јунајтед М., екс офци у стадото и клекнаа пред Џизс да плачат:

Македонија Јунајтед (обратно де): Прости ми што постојано се правам лидер и го наметнувам своето мислење над другите. Тоа го правам затоа што знам дека секогаш сум во право а ако не сум во право, тогаш повторно сум во право.

Џизс: НЕ ТИ Е ПРОСТЕНО ЧЕДО, ти си лошо и злобно момче кое сака да воспостави диктатура.

Струмјанин: Прости ми што не крадев за моите дечиња туку напротив бидејки тие веќе не беа на власт а јас желен за моќ скришум ја прескокнав оградата, си заминав и ги оставив во беда и сиромаштија. Прости ми великану што го напуштив ова прекрасно стадо и за секоја нивна пролеана солза поради мене.

Џизс: НЕ ТИ Е ПРОСТЕНО ЧЕДО, ти си црна оФца. Ќе гориш у пеколот за тоа што ги остави своите чеда на милост и немилост на природните елементи.

Од своите бели со Vanish исперени алишта Џизс извади апла свежи црвено обоени јајца и им рече на грешниците да одат во некое мочуриште и да се избањат со јајцата за да заврши ритуалот на прочистување.

Со крв се прават гревовите и само со крв се чистат истите. Запомнете го тоа чеда мои АрАмиски.

Сите све сакам...mwah! Нека е со помин

И започна долгото и макотрпно пакување на “куферот” од страна на ДедаНое. Како ќе се однеси...сеуште не знаеме 😃



Пред да тргни да си оди Џизс забележа две залутани оФци на полето, Lavcan & Pljakot. Им се приближи и им рече: А вие чеда мои, каде сте тргнале? Сакате да се исповедите?

Пљакот му одговори: Извини но јас немам што тебе да ти одговарам. Не те идолизирам тебе туку ФениксМК. Кога ќе пораснам сакам да бидам голем како него 😃

Лавчан му одговори: Немој ти мене чедо мое, јас сум за тебе БОГ! МРШ у три лепе п***е материне!
____________________________________________________________________________

Умствена идеја, подготовка на текстуалниот текст и негова пАчатна реализација: DedaNoe, PhoenixMK & Macedonian_Lion a.k.a.Светото Тројство[/b]
Инспирација: Xhisus Holikrajstovski
Визуелна и неаудио дистрибуција: Љ1 тељевижн 2011

To Be Continued...