[PhoenixMK] Кои држави се пријатели а кои непријатели на МК? [АНКЕТИРАЊЕ]

Day 1,172, 05:19 Published in North Macedonia North Macedonia by PhoenixMK

Здраво народе македонски

Платон ми ја избриша претходната статијата без право на appeal. Жал ми е што за неполни пет часа успеа да собере над 300 коментари и 400 гласови но ми заврши работа. Сега уште подобра анкета ќе направам. ВЕ МОЛАМ ГЛАСАЈТЕ И ШАУТИРАЈТЕ ЗА ДА БИДЕ УШТЕ ПОУСПЕШНА АНКЕТАВА ОД ВЧЕРА!

НОВИ ИГРАЧИ, читајте туторијали овде

Ќе го следам рускиот и српскиот пример на анкетирање односно спроведување на "референдум" па би сакал да видам македонците кои држави ги сметаат за свој сојузник, кои за непријател или се неутрални во однос на некои од нив.

Во руската анкета, Македонија помина со средна оценка, има многу кои не подржуваат (највисока оценка) но повеќето ни дадоа средна, прелазна оценка (неутрална или скоро пријателска земја) со тоа би кажал дека сепак, не се толку лошо настроени кон Македонија како што мислевме иако се повеќе приврзани кон Бугарија кое е причина поради анти-македонското делување на нивното министерство за надворешни работи на руската територија.

Во Србија, очекувано, Македонија е меѓу најдобрите нејзини сојузници и тоа на самиот врв заедно со Унгарија и Словенија.

Пред да го постирам артиклов, приметив дека и бугарите спровеле иста таква анкета. Резултатот очевиден, Македонија заедно со Турција и Србија е меѓу најомразените земји.

Затоа, би сакал да видам како размислуваат македонците, кон кои држави се најмногу наклонети а кон кои воопшто не се.

.......::::: ВАЖНО ОКОЛУ РЕГУЛАРНОСТА НА ГЛАСАЊЕТО: :::::.........

За да се спречи било каква злоупотреба на формот, морате да ставите никнејм и линк од вашиот профил.

ЗА ДА ВИ СЕ ВАЖИ ГЛАСОТ, оставете подолу коментар со содржина: МнМ (Македонија на Македонците). Со тоа ми потврдувате дека токму Вие сте гласале а не друг во ваше име.

Кога ќе заврши гласањето ќе ги проверам сите гласања.

ГЛАСАЈТЕ ОВДЕ


ВЕ МОЛАМ, БИДЕТЕ ОБЈЕКТИВНИ! Под тоа подразбирам, да не давате оценка според Вашите чувства во реалниот живот туку според настаните во eRepublik односно според досегашните односи на Македонија со горенаведените земји.

Резултатите ќе ги објавам во нареден артикал.

п.с. Голема благодарност упатувам до GoceVojvoda кој го направи формот. Бидејки на денешен ден е роден големиот македонец Гоце Делчев, ве молам претплатете се на неговиот весник.

Благодарност и до Maced0n за идејата 😛

Ваш
PhoenixMK