[PhoenixMK] ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА ВОЈНАТА ИЛИ МИР СО БУГАРИЈА??? - АНКЕТА -

Day 1,155, 14:32 Published in North Macedonia North Macedonia by PhoenixMK

Здраво народе македонски

Заврши и незнам веќе која по ред војна со Бугарија овојпат за регионот Софија. Наскоро следува нивниот контранапад незнам кој по ред исто.
Успеавме да им земеме неколку региони, освоивме територии од далеку постара и посилна едржава од нас. Тоа е голем успех за еМакедонија ако имаме в предвид дека во играва сме едвај 5 месеци.
Но, си ги вратија назад и ги нападнаа нашите оригинални територии но (сега за сега) си отидоа со празни раце. Постојано се менува иницијативата за напад. Те ние напаѓаме, те тие. Денеска, очигледно бевме многу пасивни во битката за Софија но тоа беше со цел утре да бидеме што повеќе подготвени за нивниот напад врз Источна Македонија.
Но да ги оставиме успесите и поразите настрана.

Целта со која го пишувам артиклов е: ШТО ПОНАТАМУ??? ДО КОГА ЌЕ ТРАЕ ОВАА СИТУАЦИЈА???

Бидејки Бугарија ја избравме за природен непријател, истата ќе заврши само доколку потпишеме мир за прекин на војната или ја освоиме целата (или обратно, тие не освојат нас).
Отварањето на војната е бесплатно, а понатаму, државата која ја има иницијативата за напад (онаа страна што победила во претходната војна) сакала или не, мора да објави нова војна односно да нападне регион во рок од 24 часа по завршувањето на претходната војна.

Бесплатни војни??? Овој вид на воен напад многу брзо "ги јаде" резервите на државите кои се во конфликт.
ДОКАЗ???
И двете страни ги изарчија сопствените залихи за многу брзо време. Бугарија влезе до таа криза, нивното Министерство за одбрана во секое свое соопштение за воени инструкции постојано да бара донации од страна на населението. И во Македонија не е нешто поразлична ситуацијата. Се бараше од оние кои имаат подобра финансиска состојба да донираат. Во двете земји, се направија неколку трансфери на пари од државната каса во народната банка и промена на таксите со цел да се избегни банкротот.

Затоа, Ве прашувам
ШТО Е ПОДОБРО ЗА НАС ВО МОМЕНТОВ?

1. Да продолжиме со војнава и да истераме до каде можеме или
2. Да потпишеме мир со Бугарите (па да се пресметаме во наредна прилика)???? 🙂

ШТО ВСУШНОСТ САКА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД???
ВОЈНА ИЛИ МИР СО БУГАРИЈА??




Чекам Ваши мислења околку ова. VOTE, SUB & SHOUT!!!

п.с. Би сакал да чујам и мислења од Бугари околу ова 🙂 да видам тие за што се расположени?

Ваш,
PhoenixMK