[PhoenixMK] Лесно е да се плука по друг... А ПЛУКАЧИ, КАДЕ СЕ ВАШИТЕ РЕЗУЛТАТИ?

Day 1,129, 09:24 Published in North Macedonia North Macedonia by PhoenixMK

 

Здраво народе Македонски.

Се решив да го напишам артиклов бидејки веќе ми се смачи да ги следам и читам кукањата од "ескпертизите" на многу понови играчи односно играчи стари колку мене на оваа игра кои постојано плукаат по старите и веќе докажани играчи. Особено чашата се прелеа кога одредени индивидуи на форум почнаа да напаѓаат неколку звучни имиња инаку членови на еВладата и паравоената единица АрМакедон (каде што сум член и јас) и без факти да ги обвинуваат дека крадат од играчите и од државата и им "солат памет" како подобро треба да се работи. Нема да спомнувам имиња, сигурно ќе се пронајдат самите себе.

Најпрвин си реков да не се мешам, напишав во неколку весници свое мислење без да заземам нечија страна, да се смири ситуацијата но... Се се трпи и толерира, но за се има и граници. Не сакам да навредам никого, нити да се испокарам со некој и за разлика од тие што постојано кукаат и ги користат своите весници за да напаѓаат некого, јас нема да се сведам на нивно ниво и ќе застанам во одбрана и ќе ги подржам тие играчи кои целото свое епостоење го посветија за еМакедонија, кои премногу ги почитувам и кои ги знам уште од летото 2009та кога за прв пат ја заиграв играта. ТОА Е НАЈМАЛКУ ШТО ПОСТАРИТЕ ИГРАЧИ ГО ЗАСЛУЖУВААТ ОД СТРАНА НА ПОНОВИТЕ ИГРАЧИ - ПОЧИТ ЗА СРАБОТЕНОТО, ЗА ТРУДОТ!

Без нивното дејствување во играва не ќе постоеше еМакедонија, повеќето од Вас немаше ни да чујат за играва ако не беше НИВНИОТ АПЕЛ за да се приклучите на играта.
Јас лично и многу други луѓе сме сведоци за тоа колку овие играчи имаат вложено труд за да се оствари тоа што го имаме денес  - еМакедонија!!!
Кои спречија ПТО над еМакедонија од страна на Бугарите? Поновите играчи??
Кој ве насочуваше и кој ве известуваше за случувањата?? Поновите играчи??
Кој ви помогна на почетокот со лебови? Нов играч ли ви помогна? Ќе ми верувате ли дека само еден играч подели за Вас над 800 леба во еден ден? ДА ДА

Како нова држава постигнавме многу, имавме голем бејби бум, имаме подобра економија од многу други земји кои се подолго време присутни во Новиот Свет, имаме прекрасна државна организација т.е. хиерархија и друго... Кој си трошеше слободното време за тоа да стане реалност? Новите играчи?? НЕ!!

Секако дека прашање на време беше кога ќе се појават луѓе кои ќе го остават на страна интересот на народот и ќе дејствуваат за свои лични цели и профитерство. Повеќето од нив веќе имаат бан и не вреди да се зборува за нив. Како што почнаа, така и завршија.
Ајде сега ставете си прв на чело и размислете убаво.

Прашање на време беше кога ќе се појават луѓе со спротиставени гледишта односно опозиција. Тоа е нормално, тоа е стожер на демократијата.
Секој има право на свое мислење НО, никој нема право да плука по досега сработеното и постигнатото. Зар не ви е доволен постигнатиов успех досега?
Што очекувавте од еМакедонија за овие три месеци? Да стане втора Америка или Србија?

РАЗБЕРЕТЕ:

Постарите и поискусните играчи не се виновни за киксовите на некои поединци, не се виновни за тргањето на нашите ресурси односно каменот во Источна Македонија од страна на админите и што ни ја разнишаа и така кревката економија, не се виновни за тоа што има наплив од камикази и пропаѓањето на многу фирми кои повеќето се резултат на неажурно и непрофесионално раководење од страна на нивните сопственици...

ЛЕСНО Е ДА СЕ ПЛУКА ПО ДРУГ! ЛЕСНО Е ДА СЕ НАОЃААТ МАНИ НА ДРУГ! ЛЕСНО Е ДА СЕ ПРАВИШ СЕЗНАЈКО!
но...сте се запрашале ли некогаш "КАДЕ БЕВ ЈАС ДОСЕГА ЗА ДА ПОМОГНАМ НА МАКЕДОНИЈА???" Или ќе ми кажете дека поради старите играчи вие сте немале шанса да го сторите тоа?

ИМА/ШЕ ИЗБОРИ! Вие им ја доверивте власта на тие луѓе. Ако се сметате за повеќе способни од нив, кандидирајте се, нека ве изгласа народот и ДА ВЕ ВИДИМЕ НА ДЕЛО.

Уште одамна реков дека сакам повеќепартиски систем во еМакедонија, но не верував дека тоа ќе се одрази толку негативно. Сега имаме повеќе партии, НО, НЕМАМЕ ОДНЕСУВАЊЕ! ПОВЕЌЕТО СТАНАА ТРОЛОВИ, или одат по тој пат.

затоа АПЕЛИРАМ до сите, СМИРЕТЕ ГИ СТРАСТИТЕ, еве дојде тоа време кога поискусните им го отстапуваат местото на помладите, кандидирајте се на изборите и за понатаму УСПЕХ! Давајте свои контра-предлози до власта, но не го злоупотребувајте истото за да го наметнувате вашето мислење како правично и вистинито на други играчи.


БИДЕТЕ ГОРДИ НА ДОСЕГА СРАБОТЕНОТО И ПОСТИГНАТОТО! А ВИЕ ГОСПОДО, ПОТРУДЕТЕ СЕ ДА ПРОДОЛЖИ РАЗВОЈОТ НА ЕМАКЕДОНИЈА СО РАБОТА А НЕ СО КУКАЊЕ!

ОД КУКАЊЕ, РЕЗУЛТАТИ НЕМА! БЕЗ РАБОТА, ПАК НЕМА РЕЗУЛТАТИ!

ПОЧИТУВАЈТЕ ГО ТРУДОТ НА ДРУГИОТ И ВАШИОТ ЌЕ БИДЕ ПОЧИТУВАН!

НАУЧЕТЕ ДА ЦЕНИТЕ, И ВИЕ ЌЕ БИДЕТЕ ЦЕНЕТИ!

ЈАС СУМ ГОРД НА ПОСТИГНАТОТО А УШТЕ ПОВЕЌЕ ГОРД НА СВОИТЕ СОИГРАЧИ КОИ ПРИДОНЕСОА ТОА ДА СТАНЕ РЕАЛНОСТ!

МАКЕДОНИЈА НА МАКЕДОНЦИТЕ!

ДАЈТЕ VOTE & SHOUT СИТЕ КОИ МЕ ПОДРЖУВААТ ВО ОВА! НАШИТЕ ИГРАЧИ ЗАСЛУЖУВААТ РЕСПЕКТ!

Ваш,
PhoenixMK