Македонија нова членка на ONE

Day 1,213, 08:47 Published in North Macedonia North Macedonia by MNR Makedonija




Се немаме одамна јавено со артикл од Министерството за надворешни работи сепак активно работевме во текот на целото време и чекавме нешто поважно како би објавиле и како би ги информирале Македонските играчи. Иако во наредните денови очекувајте нешто повеќе артикли во нашата држава како и во државите на нашите старо/нови сојузници со цел зближување на државите, затоа ве молам гласајте и претплатете се тука.

Најново е тоа што денеска и официјално е примена во новата алијанса ONE која инаку е формирана од страна на Србија, Унгарија, Полска и Шпанија. После долги преговори и обиди за зближување на овие држави конечно ние и официјално станавме полноправна членка во оваа алијанса. Како што и самите гледавме сакавме работите да одат полека и претпазливо, затоа на пример оставивме простор државите меѓусебно да докажат дека има простор за заедничка соработка и сојузништво.. така на пример можевте да забележите и дека иако Полска и Шпанија имаа МПП со Италија скоро и како да не удираа за нив, освен некои залутани цивили или пак анти-ONE паравојските кои се во многу помал број.

Истите тие анти-ONE паравојски во изминатиот период пробуваа да го расипат нашето пријателство (да кажеме така) со спамирање на артиклите напишани за доближување на нашите држави но сепак тие се во мал број и се незначителни барем засега и мислам така и ќе бидат во иднина. Целта на алијансата ONE е да биде што помала, покомпактибилна и истите држави што членуваат да бидат држави кои имаат добри армии, економии со цел во алијансата да нема “паразитски“ држави кои ќе го носат само името како членка туку навистина ќе помогнат и допринесат за развивање на истиот.

Значи како што реков во брзо време по истекувањето на алијансата со Италија очекувајте ние да потпишеме нови МПП-ови со Полска и Шпанија. А исто така деновиве очекувајте повеќе информации за оваа алијанса, начинот на работа и соработка , како и повеќе нови членки покрај Полска, Србија, Шпанија, Унгарија и Македонија.




Министерство за надворешни работи:
United Macedonia & Drashhh_III_Makedonski