Задоцнето завршно обраќање – ScymeX

Day 1,631, 10:35 Published in North Macedonia North Macedonia by ScymeX

Поздрав еМакедонијо !

Многу РЛ обврски, па статијава два дена касни... Измина еден месец полн со жестоки борби. Иако по координираниот напад од Грција и Кипар (и Турција) во моментов ситуацијата е тешка, сепак во поголемиот дел од месецов што измина ги добивавме Грците и во директните битки, и во востанијата. Уште еднаш, не знам по кој пат, постигнавме да ја избришеме Грција од матичните територии.

Мандатот беше означен веројатно со најголемите битки кои досега сме ги воделе, од аспект на внесена штета во мини-битки. Се тенкаше многу и често, некои странски тенкови покажаа личен интерес во нападите врз Македонија, иако во истите тие моменти нивните матични земји беа речиси или целосно избришени.

Во наредниов период ќе бидам порелаксиран во однос на играва, верувам дека секому после претседателското искуство му треба малку одмор. Затоа и јас ќе одморам, иако ќе бидам присутен и ќе ги следам состојбите во еМакедонија.
За крај, би сакал да се заблагодарам на сите вас и на тимот кој работеше неуморно. Дадовме се од себе, и колку што ни се можностите, верувам дека успеавме да го продолжиме реномето на еМакедонија како силна членка на ОНЕ, верен сојузник и опасен противник.
Му посакувам усех на Ел Че и го подржувам во намерата да внесе свежа крв во еМакедонија бидејќи и јас увидов дека имаме голема потреба од тоа.

Ве поздравувам
о7