[MKD] Мое видување - Oдлука за наплаќање на државјанства на Македонци !!!

Day 1,490, 10:15 Published in Serbia North Macedonia by GeneraI Maximus



Почитувани дами и господа,

Од неодамна добив информација дека некој „паметен“ во Конгресот издејствувал да биде отпочната наплата на сите лица кои што ќе аплицираат за Македонско Државјанство. Од почеток си помислив дека тоа е воведено за сите странци кои што доаѓаат кај нас за да бркаат бизниси. Но горката вистина брзо ме ушамари кога аплицираф и јас со цел да помогнам повеќе со користењето на ПН бонусот во битките против нашите непријатели.

Имено прошлиот пат кога бевме под налетот на непријателите и ги изгубивме бонусите јас како Патриот (и сега следуваат глупостите што вие ќе ми ги кажувате дека патриот ќе сум бил ако не сум заминел и бла бла бла...) донесов одлука дека во тој даден момент јас на мојата земја не и сум доволно продуктивен, не произведувам доволно суровини и тенкови и леб за да направам просечна дневна штета од +800 000 секојдневно или повеќе од 120 милиони штета досега од како што сум ја започнал играва пред година и кусур месеци, И се одлучив да се префрлам во Србија која што во тој момент имаше 10 бонуси и производство на 100%.

Јас господа, а верувам дека има многу други како мене кои што ја голтнале кнедлата и тргнале по светот со една повисока цел неголи само личните интереси, парите заработени од производството нема да ги соберам на крај на денот и да заминам „Кај Чичо“ или во „Македонска Куќа“ и да се нагостам така квалитетно како што приликува за еден гурман. Не господа јас парите и средствата целосно ги трошам за таа наша напатена Македонија па да помогнам што можам повеќе на бојното поле за сите ние понатаму да ја крениме Македонија повисоко и да ги достигниме тие 100% бонуси за производство.

Затоа се осетив понижен, омаловажен со вашето однесување и пристап кон нас Патриотите на Македонија со тоа што не терате да плаќаме КОНЗУМАЦИЈА (без пијачка) на влез во Кафичот наречен Македонија (како што замислувате вие) и затоа повторно ве повикувам господа од Конгресот да размислите 2 пати пред да донесувате такви одлуки кои ќе бидат понатамошните последици во врска со тоа. Јас веќе нема да аплицирам за државјанство додека вие мислите да прајте бизниси од тоа. Јас и досега и отсега пак ќе пукам за Македонија вие воопшто да не се грижите за тоа.

Омаловажен Патриот
General Maximus
Si vis pacem, Para bellum !
* Macedonian Illuminati *