Со добра причина и повод (MKD)

Day 948, 22:35 Published in Turkey North Macedonia by lazarosaMKD

Еве после подолго време артикал... Ги нема премногу во мојот весник од причина што ме мрзи после да објаснувам на англиски за што се работело во артикалот или не дај боже да се правдам или да се осеќам како "натрапник на странскиот медиумски простор", плус во недостаток на своја држава има и недостаток на работи за кои може да се пишува... барем недостаток на работи за кои вреди "да се замараш" со пишување на артикал.

Еве се ближи преминот во толку најавуваниот V2...за несреќа играчите од Македонија сме доста неактивни поради добро познати причини (долго чекање на држава, некои разочарувачки тикети од админите итн.) и се плашам дека многумина "ќе го преспијат" овој транзиционен период кон V2 и потоа играта автоматски ќе им го прераспредели економскиот и воениот скилл.
Таа тоа ќе го направи по дифолт во воениот скилл кон сите 4 нови родови (Пешадија, Тенк, Хеликоптер, Артилерија) ПОДЕДНАКВО (на 4 дела) а за економскиот сеуште немам појма веројатно слично...
Затоа неактивните играчи треба да се пробудат од зимскиот сон во овој период и добро да размислат и да се одлучат што и како а уште подобро прво да тестираат и да видат на www.beta.erepublik.com за што побезболно да мигрираат и овде.

Некое општо мислење е дека е најдобро 100% да се определите за еден вид на професија и за еден вид на војување. Тоа е исто како и во РЛ ако сте со гимназија а не го продолжите школувањето се разбирате од многу работи површно но во ниедна не сте експерт.
Ако го вложите целиот скилл 100% во иста професија и во ист вид на војување тогаш вие сте експерт за одредено подрачје и во економскиот дел ќе произведувате многу повеќе а ако ја трефнете правата професија и ќе заработувате доста. Добра работа од мигрирањето е за оние кои имаат мешан скилл на пример ману. 4 ленд 4 градежништво 5 е дека ќе можат тоа да го вложат 100% во V2 и да добијат многу поголема вештина во одредено подрачје.

Од економскиот дел за сега е извесно дека многу компании за оружје ќе пропаднат, тоа и сега се забележува невозможно е да се продаде компанија за оружје и тоа со големи попусти... Од бета тестирањето пешадијата не остави многу впечаток и еве да речеме 10-30 % да одберат пешадија тоа значи дека 70% - 90% од компаниите за оружје од V1 во V2 ќе бидат вишок..
Истото е и со компаниите за железо, само пушките и тенковите ќе се прават од железо.
Колку компании за железо ќе пропаднат зависи од тоа колкав процент на играчи ќе се одлучат за хеликоптери и артилерија (за кои ќе треба титаниум)

Во првите неколку недели и месеци мислам дека ќе биде хаос во економијата некои професии ќе бидат дефицитарни и нивните плати ќе бидат астрономски додека најизбраните професии ќе бидат и најмалку платени поради изобилие од работници.
Исто така од една страна тенковите (како производ) ќе бидат многу барани зашто доста ќе изберат да бидат тенк (како воена вештина/специјализација) но од друга страна ќе нема доволно производи на пазарот додека да се стабилизира и производите како на пример тенкови, хеликоптери, артилерија ќе бидат многу скапи.
Па така многумина ќе се борат голораки што во V2 = самоубиство.
Едноставно моментално компании за тенкови и артилерија (додека тие за гифтови ќе бидат за хеликоптери) не постојат и додека да се отворат компаниите во в2 и додека да се произведат првите парчиња ќе помине некое време. А додека да се стабилизира понудата-побарувачката ќе помине нешто повеќе.
Но матните времиња и неизвесноста се и добра можност за бизнисмените т.е оние што имаат нешто голд собрано на страна🙂
Затоа не се плашете и само храбро🙂

И за крај, господ нека ни е на помош на сите😃 А помошта ќе ни треба со сите оние бустери, багови, нејаснотии, неразјаснети прашања околу новиот вид на војување, лечењето, со сите оние тетки🙂 итн.
Еве само еден пример: Денеска на бета.ерепублик морав да користам бустер од 0.5 голд за да работам (!) зашто за бесплатниот бустер немало доволно сток (?!?!) а мораш да одбереш некој бустер. Така дадов 0.5 голд за да сработам а како плата добив 9 TRY кога ќе се одбијат таксите...

Корисни линкови: eRepublik Rising Beta Is Open (ENG)
Почетак транзиције у V2 (SR😎
eRepublik Rising? (ENG)