Ни треба план [Mast3R.B0Y]

Day 1,424, 08:32 Published in North Macedonia Indonesia by G A T O T K A C A
По освојувањето на грција многу се опуштивме,мислевме дека сме семоќни и дека ке ги држиме долго време.Но еве грција полека почна да си ги враќа своите региони.Е сега каде да ја бараме причината за ова?



1.Додека бевме во поход кон грција на каналот на армијата имаше 150+,последнава недела па и повеќе на каналот нема повеќе од 30-40 души кои се таму само колку да се каже.
2.Направивме голема грешка,првата беше прогласувањето на Турција за НЕ,а сега направивме и уште една грешка,за НЕ беше прогласен кипар но ја губиме границата со нив така што тој предлог паѓа во вода.
3.Една моја забелешка до владата:Don Tas одлично почна,на каналот на армијата имаше и преку 200 души,се делеа тенкови,се беше супер.
Но откако почнавме да освојуваме сето тоа заврши.
Don Tas мора да побара од водачите на паравоените единици да ги донесат своите војници на чат,или да го укине рефундот!Во спротивно нема да профункционира повторно каналот.
4.Имаме многу да кажам "неспособни" конгресмени кои воопшто незнаат да си ја вршат работата и не се присутни на чат.Тоа можам да го видам и од законите за кои нема координација при гласањето.
Следните избори за конгресмен се на 25!Не дозволувајте да ве купат со неколку тенкови и леб,гласајте за тие што вредат,за тие што ќе можат да придонесат за подобрување на нашава состојба.Само на тој начин можеме да ги средиме овие грешки во конгресот кои во последно време се многу чести
5.На крај потребено е владата да излезе со еден план за тоа што правиме понатаму,каде одиме,што браниме.Треба сите да знаеме кои се нашите следни цели.Законот за НЕ на кипар пропаѓа треба да се излезе со статија и да ни се објасни се.