Кандидатура – II дел – ScymeX

Day 1,597, 12:45 Published in North Macedonia North Macedonia by ScymeX

Кандидатура – II дел – ScymeX


Здраво еМакедонијо!


Накратко да ви ги презентирам тимот и плановите за идниот месец.


Тимот, во суштина, нема да се менува од претходниот месец, само ќе биде надграден и проширен со уште 10-тина докажани еМакедонци.

Мои тројца Потпретседатели ќе бидат Аексил, Дон Тас и Струмјанин. еМацедон и Мудаш ќе го водат владиниот тим кој ќе брои триесетина активни играчи.
Во принцип, секое министерство ќе се води од тимови (МОД тим, МОФА тим, Економски тим итн) бидејќи е потребно и да внесеме свежа крв во работата на сите Министерства. Можноста за дополнителни доброволци останува отворена, заинтересираните нека контактираат некој од Потпретседателите за да види каде има место.



Плановите претходниве месеци беа – преживување, овој мандат планот е – освојување.

Првата цел е да се освои целосно Грција. Понатаму, ќе седнеме на маса со нашите сојузници Бугарија и Србија за да ја договориме фер распределбата на околните расположиви ресурси. По освојувањето на Грција и стекнувањето колку што е изводливо повеќе ресурси, ќе преминеме на помош на некој од сојузниците. Територијата во Шпанија ни нуди добри можности за поход или кон Северна или кон Јужна Америка. Или пак, Турците одамна не’ молат да ги избришеме. Играва е динамична и ќе си покажат приликите кој план е најпаметен.

Едно е јасно – ќе освојуваме.


Поздрав!