[EDIT - ТОП10] Пример за соодветно РАНГИРАЊЕ на Воените единици на еМакедонија !

Day 1,324, 09:21 Published in North Macedonia North Macedonia by GeneraI Maximus


Почитувани граѓани на еМакедонија,

Навистина сум изреволтиран од многуте статии кои што квази-квалитетни „новинари“ во нашиот еМедиумски простор покушаваат да ги направат као бајаги со цел да направат рангирање на Воените единици на нашата еДржава а воглавно тоа го прават само заради Претплата и Глас и сакам да им порачам следното:

Направете нешто квалитетно и опсежно и без мака ќе ги добиете потребните 1000 претплати за тој фамозен медал. Во спротивно не очекувајте ништо од мене а верувам дека и други го делат ова мое мислење.

За да ви дадам соодветен пример за тоа како треба да изгледа една статија која што претендира да на било кој начин ги рангира воените единици на Македонија морате да запазите неколку показатели:

1. Број на членови во единицата,
2. Вкупен број на искуствени поени
3. Вкупна сила на единицата и просечно по поединец
4. Вкупен ранк на единицата и просечно ранк на поединец
5. Вкупна штета на единицата направена со ист број на удари за сите единици поединечно (Како последно и најважно за рангирањето на единиците)

После собраните податоци од ТУКА можам да ги сумирам податоците во следните Ранг Листи:

1. Според Број на војници:


Кликни за поголема

2. Според Вкупен број на искуствени поени


Кликни за поголема

3. Според Вкупна сила на единицата:


Кликни за поголема

4. Според Ранк поените на единицата:


Кликни за поголема

5. Последно и најбитно според штетата направена со 1 Q5 удар:


Кликни за поголема

*** EDIT ***
Поради попрецизно рангирање ја едитирам статијата со уште 2 показатели а тоа е:

6. Просечна сила по член во единиците


Кликни за поголема

7. Просечна штета со еден Q5 удар по член во единиците


Кликни за поголема

*** EDIT ***

Уште би сакал да наведам дека и овај начин на рангирање не е соодветен заради што се однесува на различен број на членови во единиците и дека резултатите кога би се правеле за точно одреден број на членови од единиците пример 50 (како просечна цифра за сите единици) би биле сосема поразлични но тоа во друга прилика.

Се надевам дека малку ви помогнав со оваа статија да се запознаете со вистинскиот начин на рангирање на воените единици во Македонија. Во следниот број ќе се задржам на презентирање на единиците подетално по вкупен можен инфлуенс.

До следните рангирања останете ми со што помалку здравје и повеќе направен инфлуенс за нашата татковина !!!

о7

Искрено ваш
Мартин а.К.а. General Maximus

..:: Si vis Pacem, Para bellum ::..
* Macedonian Illuminati *