[МЗИ] Нов турнир – Епско војување (EDIT: дво-кликери, не пукајте за време на турнирот)

Day 2,525, 04:42 Published in North Macedonia North Macedonia by Ministerstvo za Informiranje

ЕДИТ, за тие што немаат време за читање
Ако не планирате да пукате многу за време на турнирот, тогаш подобро воопшто да не пукате (нула престиж поени) ако сакате да помогнете на еМакедонија.
(Важи и за тие со странско државјанство а се членови во македонски единици)

Добродојдовте во новото издание на министерството за информирање



Во ова издание ќе прочитате информации за новиот турнир кој почнува во вторник

Плато официјално ни најави дека во вторник започнува нов турнир “Епско Војување”. Деталите за турнирот се следниве:
- започнува на ден 2,527 во 00:00 еРеп време (или нашки кажано, вторник во 09:00)
- Турнирот ќе трае 7 дена
- Турнирот ќе го замени „Неделниот предизвик“ и главна цел е да се собираат Престиж Поени.
- Кога ќе пукате во Епски Битки, ќе добивате повеќе Престиж поени (детали подолу)
- Државите ќе бидат рангирани по просечниот број на освоени престиж поени од активните борци (детали подолу) и по основ на тоа рангирање ќе освои награди
- Играчите со најголем број престиж поени во секоја земја ќе добијат декорации на профилот
- Земјата за која секој играч ќе пука, се одредува според тоа во која Воена Единица членува. Пример, ако имаш еЧилеанско државјанство, а си член во еМакедонска воена единица, тогаш ќе пукаш за еМакедонија.
- Играчите кои немаат воени единици, ќе пукаат за земјата од која имаат државјанство.

Како се освојуваат престиж поени
- Исто како и во Неделните Предизвици, на 10 енергија потрошени во борба, по 1 престиж поен.
- Ако за едно убиство ќе потрошите 30 енергија, добивате 3 поени, ако ви требало само 10 енергија тогаш само 1 поен, итн.
- Престиж поените се добиваат веднаш по секое убиство.
- Борбата во Герила НЕМА да дава престиж поени!
- Секоја потрошена бомба или ракета ќе дава само по еден поен
Бонус поени
Играчите кои ќе завршат во Топ 5 по направена штета во некоја битка (една битка трае дури една земја не освои 1800 поени), ќе добиваат бонус престиж поени. Бонусот ќе биде пресметан според бројот на Престиж Поени направени во таа битка
- 1. Место (BH) – +100% од освоените поени во битката
- 2. Место – +80% од освоените поени во битката
- 3. Место – +60% од освоените поени во битката
- 4. Место – +40% од освоените поени во битката
- 5. Место – +20% од освоените поени во битката
Бонусот ќе биде доделен на крајот од битката. Топ 5 листите се пресметуваат за секоја дивизија посебно.

Епски битки
- Кога во една битка ќе се направи одредена штета, таа битка ќе постане Епска Битка
- Епските битки ќе бидат означени со посебна сликичка (икона) во листата на војни. Епските битки ќе имаат и различна позадина кога ќе бидат отворени.
- Играчите ќе добиваат по 3 престиж поени за секој удар во Епска битка, но САМО ОТКАКО битката е „прогласена“ за епска. Поените кои се освоени пред битката да постане епска нема да се множат со 3. Пример, сте испукале 100 енергија пред да постане битката епска и сте освоиле 10 поени. Во меѓувреме битката станува епска и пукате уште 100 енергија. Тогаш добивате нови 30 поени, и ќе имате вкупно 40 од таа битка.
Битката постанува епска кога ќе се направи одредена штета и тоа:
- 1ва дивизија – Над 150.000.000 штета
- 2ва дивизија – Над 1.500.000.000 штета
- 3та дивизија – Над 4.500.000.000 штета
- 4та дивизија – Над 10.000.000.000 штета
Бонусот доделен за завршување во Топ5 се рачуна и на бонус поените освоени во епска битка. Пример, сте освоиле 100 поени пред да постане битката епска, и 300 поени откатко битката постанала епска, бонусот ќе се рачуна на освоените 400 поени.

Индивидуални награди
Слично како и со Неделните предизвици, и со собирање на Престиж Поени од турнирот ќе има одредени награди.

Наградите ќе можат да се земат и до 48 часа од завршување на турнирот. Но наградите од типот „+х енергија на 6 минути“ ќе немаат ефект откако ќе заврши турнирот.

Индивидуално рангирање
- Рангирањето ќе може да се види од главната страна, кога ќе кликнете на бројот пред вашето име во играта. Тој број е вашиот ранг во вашата земја.
- Рангирањето се врши посебно за секоја еДржава
- Рангирањето се врши по бројот на освоени престиж поени
Ќе има два типа на рангирање; Дневен ранг и Вкупен Ранг.
- Топ 10 играчите од Дневното рангирање ќе добијат декорација
- Топ 50 играчите од Вкупното рангирање ќе добијат декорација
- Ранг листитите се обновуваат на секои 20 минути

Државно рангирање
Земјите ќе бидат рангирани според просечниот број на освоени престиж поени од активните борци
- Активен борец – играч кој освоил барем еден престиж поен во турнирот
- Играчите кои се регистрирани 24 часа пред, и за време на турнирот нема да се сметаат во Ранг листите.

Награди за еДржавите
На крајот на турнирот, дражвите ќе добијат Штит и одредена сума на злато, според тоа на кое место завршиле во турнирот
- 1 до 10 место – Штит К7 и 5.000 злато
- 11 до 20 место – Штит К6 и 3.000 злато
- 21 до 30 место – Штит К5 и 2.500 злато
- 31 до 40 место – Штит К4 и 2.000 злато
- 41 до 50 место – Штит К3 и 1.500 злато
- 51 до 60 место – Штит К2 и1.000 злато
- 61 до 70 место – Штит К1 и 500 злато
Штитовите ќе можат да абсорбираат штета во битките и тоа
- К7 – 10 милијарди
- К6 – 8 милијарди
- К5 – 6 милијарди
- К4 – 4 милијарди
- К3 – 3 милијарди
- К2 – 2 милијарди
- К1 – 1 милијарда
Ако одредена земја веќе има штит кој не е потрошен, капацитетот на новиот штит ќе биде додаден на постоечкиот.

Тоа е се за ова издание, доколку има некои грешки, или имате некои информации за надополнување, оставете коментар

Министер за Информации
dDejan