ПРВАТА МАКЕДОНСКА ПАРТИЗАНСКА ГЕРИЛА!!! [by makedonec21]

Day 1,109, 12:41 Published in North Macedonia Japan by Macedonian_Lion

Поздрав мои Македонци
Ова е моето прво обракање до јавноста на еМакедонија и веројатно последнo. Најпрво сакам да му се заблагодарам на Macedonian_Lion што ми дозволи да го користам неговиот весник за мојава статија бидејќи јас немам весник а македонската сцена е преполна со весници од кои малу се квалитетни а еден плус ке биде залудно трошење злато.

Пред некое време во весник налетав на една статија за организација на на мали воено-финансиски организации таканаречени герила или ќелија која би служела за поврзување на мала група на еиграчи кои би работеле војувале и најбитно многу брзо би се развивале заедно.

Сакам да објавам дека Првата Македонска Партизанска Герила е формирана и се состои од 10 членови кои работат во 2 фабрики само за свои потреби.Оваа ќелија е самостојна и не зависи од никого и не е подржана ни од некоја паравоена воена единица или од некоја влада.Бидејќи сум релативно нов на EREPUBLIK моја цел е што побрзо развивање на воената и економската моќ на мокот акаунт и пред се на мојата држава одлучив дека ова е најбрз и наједноставен начин на фер развивање и според тоа се формира оваа ќелија
Иако е независна спремна е да се стави во функција на државните институции и да следи нивна наредба за време на војна во која ке учествува нашата држава и спремна е во овој момент да нанесе 150 000 influence дневно кое не е многу но со оглед дека сите 10 членови се со неполни 2 месеца искуство тоа е задоволително.

За крај би ги повикал Македонците да формираат вакви ќелии и со тоа да придонесат за воената моќ на еМакедонија

ПОЗДРАВ ОД МАКЕДОНЕЦ 21 КОМАНДАНТ НА ПРВАТА МАКЕДОНСКА ПАРТИЗАНСКА ГЕРИЛА!!!

Статија е напишана од страна на makedonec21