[Bojan Almighty]Македонија заедно со Бугарија... U MAD BRO!?

Day 1,489, 04:31 Published in North Macedonia North Macedonia by Bojan Almighty
Долго време немав ништо напишано во мојов весник, ништо што се случуваше не ме испровоцира толку за да го искажал гласно мојот став. Долг период играв пасивно без мешање во политиката или новинарството, а за тоа на некој начин придонесуваше таа некоја монотоноста во еМакедонија, а и во играва. Но случувањата последниве 1-2 дена ако не се лажам ме поттикнаа гласно да го искажам мојот став.



Сите приметивме како еТурција ја смени ориентацијата во еСветот. Од наши верни сојузници и пријатели тие денес станаа наши непријатели кои маваат милионски инфлуенс против нас во востанијата. Според мене голем удел во расипувањето на Македонско-Турските односи сигурно имаат Инчите, кои и претходно заедно со Грците се обидуваа да ни ги расипат односите. Како и да е, штетата е веќе направена и не верувам дека некој од еМакедонија би сакал повторно да бидеме на иста страна со еТурција, со оглед на тоа што еТурција организирано мава не само против еМакедонија туку и против целиот сојуз. Според ова може да се заклучи дека еТурција најверојатно ќе влезе во EDEN или во TERRA сојузот со што и официјално ќе се бориме едни против други.



Очигледно е дека овој потег на еТурција ќе доведе до промена на сојузите. Но она што најмногу ме чуди е тоа што сретнав неколку случаи во кои еМакедонци сакаат сојуз со еБугарија, па дури и со еГрција...

U MAD BRO !?

Зарем оваа одлука на еТурција треба нас да не натера да ја промениме нашата ориентација и да најдеме начини како да и вратиме на еТурција и да и покажеме дека ова и била најголема грешка?
Зарем заборавивме дека еБугарија и еГрција ни беа најголеми непријатели?
Зарем заборавивме дека еБугарија неколку пати не избриша од картата?
Зарем заборавивме дека еБугарските играчи пишуваа и уште пишуваат статии и коментари со понижувачка содржина наменети за нас?

Ајде некако и можам да го сфатам ова за сојуз со еБугарија, ама еГрција????
Па добро ако новите играчи незнаат за тоа како се однесуваа еБугарите ова време минатата година, сигурно не заборавиле што се случуваше пред некои 2-3 месеци.

еГрција секогаш ни била најголем непријател, а вие сега сакате сојузи да правите само за да и се одмаздите на еТурција???




Иако еТурција заслужува да биде казнета за тоа што го направи, не смееме да дозволиме нивната одлука да ги помати и нашите глави и да направиме непромислена грешка.Никако не смееме да дозволиме оваа промена во еСветот да не донесе и нас во ситуација да ја промениме страната и да ги изгубиме и овие сојузници кои сега ги имаме и кои докажале дека ни се вистински браќа кои мавале милионски инфлуенс токму во војните со еБугарија и еГрција кои сега се спомнуваат како наши потенцијални сојузници. Мислам дека во процесот да се направи еМакедонија ова што е денес се даде голем напор, време и труд, и не треба да дозволиме бесот да направи сето ова што го имаме денес да го фрлиме во вода.



Ваш
Bojan Almighty