[МКД] Операција „Жабји батаци на македонски начин“ и официјално започна

Day 1,216, 11:27 Published in North Macedonia North Macedonia by GeneraI Maximus

Почитувани еГраѓани на еМакедонија,

Пред само неколку моменти Операцијата „Жабји батаци на македонски начин“ и официјално започна со спроведување. Нашиот ценет еПретседател Strumjanin го поднесе Предлог Законот за природен непријател против еИталија. Истиот се очекува да биде донесен со максимален број на гласови За со што конечно ќе се отвори дирекната конфронтација меѓу нашите две еДржави, конфронтација која беше одложена за два дена поради кукавичкото дигање на востанија од страна на еИталијаните во од нив окупираните црногорски региони.

За да иронијата биде поголема еИталијаните поточно нивниот конгресмен Daniel Sempere (во случајов му се заблагодарувам) поднесува Предлог Закон за прогласување на еФранција за нивни Природен Непријател со што нас дополнително ни дава уште 24 часа предност во однос на бонусот од 10% при тепањето. Цел со тоа да напоменам на сите Италијани да не ја бараат нашата Македонија под почетна буква „Ф“ 🙂

Мислам дека конечно нашата еДржавичка која беше додадена на овај еСвет пред само 4 месеци ќе го покаже цел свој потенцијал. За тоа тука сме сите ние еМакедонци ја докажеме целта на нашето постоење во еСветот.



Искрено ваш,

Мартин Николоски

..:: Si vis pacem, para bellum ::..
* Macedonian Illuminati *

P.S. За малку ќе заборавев... За нашите уморни војници таму ќе не чекаат згодните Италијанки 🙂