[МКД] Последни подготовки за Акцијата „Жабји батаци на македонски начин“

Day 1,214, 19:01 Published in North Macedonia North Macedonia by GeneraI Maximus

Почитувани,

На чекор сме до последната скала на нашето искачување кон Апенинскиот полуостров. Важноста на битката за Црногорскиот брег ќе биде до тој степен што нашите ни драги Жабари ќе бидат приморани и очекувани да одат на принуден одмор во Тиват и Будва за да се борат против нас, против нашата (сега слободно можам да кажам) воена машинерија:

Македонските Т-72 Тенкови



Македонската Воена Авијација



Македонската Артилерија



Македонската Пешадија



Нашите сили веќе задутре ќе ја имаат можноста да ја започнат акцијата „Жабји батаци на македонски начин’ и длабоко да можат да навлезат на италијанска територија каде што се планираат повеќе воени бази распоредени на стратешки позиции се со цел полесна контрола на востанијата и овозможување на подолг престој на плажите во Неапол.

Музичка подлога и поддршката на нашите девојки за акцијата.

Со татковината во срцето во нови походи !

Искрено ваш,
Мартин Николоски
..:: Si vis pacem, para bellum ::..
* Macedonian Illuminati *