Дипломатски извештај 23/03/2011

Day 1,219, 14:50 Published in North Macedonia North Macedonia by MNR Makedonija


Поздрав Македонки и Македонци ..

Откако во минатиот артикл објавивме дека Македонија и официјално стана членка во сојузот NWO се случија неколку да кажеме “први“ постапки за негово официјализирање како и подобра координација помеѓу членките на истиот. Значи во моментот членки на ONE се Шпанија, Србија, Унгарија, Полска, Иран и Македонија но да кажам потенцијални иако дел веќе сигурно се и Индонезија, Словенија, Шведска и Турција во овој нов јак воено-економски сојуз.

Веќе алијансата има официјален приватен канал за координација на напади/одбрани, во моментов е одбирање на лого за истиот така да во најскоро време треба да се завршат најосновните работи кои ја сочинуваат алијансата. Исто така алијансата веќе почнува со полна пареа да работи и да организира напади/одбрани на своите ONE членки.

- Србија
Еден од нашите најстари и најверни сојузници, една од државите до сега која највеќе ни помогнала е баш Србија. Како и секогаш така и во моментов имаме одлични односи со нивната влада што може да се примети и по постапката при која ни ја дадоа Западна Србија за смешна сума злато со што ни се отвори пат преку Црна Гора кон Италија па до Централна Европа со тоа ни се отвори пат ние редовно да тренираме со непријател. Како што гледате во моментов Србија држи 14 региони во својот посед од кои дури 7 се освоени, и тоа регионите како Тирол во Централна Европа.. потоа Истра и Кварнер и Славонија кои се оригинални Хрватски региони (а во момент е битка за Централна Хрватска) како и 2 региони кои се позајмени од Велика Британија.



- Унгарија
Исто како и Србија така и Унгарија е една од државите кои ни се најстари пријатели и сојузници, нема да заборавиме барем постарите играчи што памтат како се однесуваа кон нас како со сојузници уште кога немавме држава. Нема да ја заборавиме подршката за додавање и по додавањето, нема да ја заборавиме подршката во спорот со Бугарија кога Бугарија се обиде да ни стави вето во Феникс. Односите со оваа држава се одлични и соработката е одлична, имаме меѓусебно разбирање и помагање на војските кога е потребно, инаку Унгарците важат за државата која има највеќе активни играчи според бројот на населението а богами и скоро најсилни.

Во моментов имаат долга војна со Романија која трае сигурно 2+ месеци и беше само пинг-понг војна односно кој напаѓаше губеше како тренинг, но работите се променија и моментално Унгарија држи 2 оригинални региони на Романија и тоа Крисана и Трансилванија а во моментов се води битка за Мунтерија која е со резултат 2-2 и ќе биде доста интересна. Исто така Унгарија држи и еден регион во Централна Европа Салзбур, како и еден Белоруски регион Хомелскаја инаку богат со елен.



- Полска
Една од државите кои ни се нови сојузници да кажам, со оваа држава веќе се воспоставени добри дипломатски односи и за 18-тина дена би требало да имаме потпишана алијанса откако ќе истече нивната со Италија. Верувам дека со оваа јака држава ќе имаме одлично односи како и во реалниот живот, сепак таквите добри односи во реалниот живот даваат и плус тука. Сепак подобро нека оди се по-полека и да се докажеме едни на други, така на испит беа ставени Полјаците дали ќе удираат против нас за Италија но како што и сами видовте скоро како и да ги немаше освен некои залутани цивили.
Инаку Полска е една од државите со најголем број на освоени региони, моментално држат голем број на региони на Германија, Мексико како и Холандија. Со новото правило за ресурси голем дел ќе им станат “непотребни“ сепак во брзо време ќе ги најдат нови верувам во тоа.



- Турција

Исто така нашен верен и стар сојузник, дефинитивно се први во однос на помошта која ни ја пружиле во минатото. Инаку како што реков имаме одлични односи и бевме прифатени како браќа слободно можам да кажам, го помагаа нашиот народ и со храна и со куќи и со системи за одбрана/болници и пред додавањето и после тоа. На нашите играчи кога немавме држава им делеа храна и оружја дефинитивно највеќе ни помогнаа од било која држава тука. Инаку во моментов се ослободуваат и веќе вратија 2 региони, во моментов исто така има борба со Грција после која ќе тргнат во офанзива да си ги вратат регионите и затоа ве молам следете ги наредбите на Министерството за Одбрана со цел да бидеме што поефикасно и војската да може да им помогне.

Инаку веднаш штом испаднаа од ПАНАМ и покажаа знаци дека ќе се приклучат/ се заинтересирани за ONE/NWO - Србија и Унгарија потпишаа алијанса со нив а ние имавме веќе предходно и веднаш се тргна кон ослободување на оваа некогашна јака држава а сега што имаше големи проблеми со Грците. Се надевам ќе се ослободат брзо па потоа ќе тргнат да и се одмаздат на Грција за окупацијата ..



Тоа би било се околу нашите сојузници, во наредниот артикл очекувајте и за другите. Инаку да напоменам повторно дека за 5 дена ќе потпишеме МПП со Шпанија а за 18-тина дена со Полска откако ќе им истече мпп-то со Италија. Но да видиме каде се наоѓаме ние сега ..



Како што гледате и самите откако испаднавме од Балканот преку Западна Србија и Црна Гора решивме да им ги вратиме регионите на Црна Гора пред изборите со цел да можат да изберат конгресмени. Како што гледате првен беа вратени Северните Црногорски планини а во моментов се враќа и Црноморскиот брег а деновиве очекувајте да ја вратиме Централна Црна Гора.

Во врска со војната против Италија можам да кажам дека одлично напредуваме и веќе се освоени 2 региона (Апулија и Молисе) а во моментов и е нападнат Лацио каде што водиме убедливо и верувам дека ќе победиме. Но админите направија нова промена и сега сите колонии мораат да бидат поврзани со оригиналните региони доколку сакаме да ни се рачуна бонусот на фирмите. Затоа сега сме пред нов проблем односно што да правиме.

1) Прва варијанта и речиси невозможна е тоа да ја земеме Јужна Србија и Рашка секако со договор со Србија и преку Црна Гора после освојување да направиме мост и да ни работат бонусите. Оваа варијанта е речиси невозможна зошто Црна Гора ни е сојузник а Србија нема алуминиум ако им ги земеме тие 2 региони, така да идејата е 99.9% одпадната.

2) Втора варијанта засега најлогична да си тренираме во Италија и да ги тепаме како и во цела Централна Европа зошто да не ? приемр Франција, Швајцарија, Австрија некои од овие држави со тоа тренираме и се јакнеме зошто кога тогаш ќе пукне војна со Грција или Бугарија зошто ќе не нападнат во тоа сум сигурен. Оваа варијанта е најлогична зошто деновиве ќе покренеме од МНР петиција да ја додадат Албанија и преку неа ние да можеме да ја оствариме нашата цел да се поврземе со Италија.

3) Војна со Бугарија или Грција, ова е најтешка за двете страни и несплатлива за напаѓачот и оној што се брани. Ова ќе биде добро само за админите и никој друг, веќе сме јаки држави и скоро исти во однос на сила па нема шанси некоја да се окупира и да се држи толку под окупација така да идејава барем засега отпаѓа освен ако не не нападнат “драгите“ соседи.

Сепак ги разгледуваме сите варијанти и можности, и верувајте дека во најскоро време ќе изнајдеме решение да ги поврземе регионите. Сепак вие борете се и следете наредби, Италија мораме да ја окупираме да ја освоиме комплетно цело и да тренираме со нив да качуваме ранк поени и сила и да јакнеме. Плус после окупацијата можеме намерно да им ослободиме регион и да ја направиме марионетска држава да ја контролираме, затоа само стрпливо и сложно.. што е наше ќе си дојде порано или покасно без гајле.

И во преговори сме со некои држави потенцијални наши сојузници/пријатели за склопување на МПП доколку ни биде потребно во иднина. Сепак најбитно е да имаме функционални алијанси безразлика колку на број, не ни требаат вештачки алијанси кои само ќе ги пишува на листата.. ни требаат вистински пријатели и сојузници кои ги имаме и тоа сите јаки!




Министерство за надворешни работи:
United Macedonia & Drashhh_III_Makedonski