Републиканска Партија! [Март.2012]

Day 1,584, 05:07 Published in North Macedonia North Macedonia by BugsMoney



Почитувани еМакедонци и драги еМакедонки!

Републиканската Партија од своето основање па досега секогаш се стремела кон успехот, како за самата партија така и за успехот на еМакедонија. Сепак нашата партија и беше создадена единствено од таа причина, да помогне нашата држава политички да зајакне и да напредува, а тоа се постигнува најдобро преку народот на самата држава.


Републиканската партија отсекогаш соработувала со народот и им давала шанса на "малите луѓе" да покажат дека знаат и умеат да помогнат. Кај нас нема некои славни фаци или тенкови, а сепак се наоѓаме во топ 5 партии во еМакедонија што самото кажува дека народот знае да цени кога некој е тука да ги ислуша, да им помогне, да ги поддржи.


Затоа и ние како и секој месец повторно ја бараме нивната поддршка за овие конгресменски избори да допринесат вистинските луѓе да влезат во конгрес.Од нашата партија ќе бидат избрани кандидатите кои сметаме дека се достојни да бидат кандидирани, кои се активни и ќе бидат активни за време на нивниот конгресменски мандат и ќе придонесат да се зголеми квалитетот на конгресот и да заличи на конгрес, а не на обична гласачка машинерија.
Сепак за добар конгрес се потребни добри конгресмени.


Исто така нашите конгресмени ќе донираат кај мене дел од златото од конгресменскиот медал кој ќе биде искористен за да се помогне на ебебињата, помалите левели и на тие на кои ќе им биде потребно.
Сепак тоа злато го добиваат од народот од нивниот глас па поради тоа сосема е нормално да им возвратат на овој начин.
Собереното злато ќе го искористиме за купување на храна кои после изборите во организирана акција или акции ќе бидат поделени.
Од народот за народот.


Сметате дека би биле добар конгресмен, имате некоја идеа во врска со нешто, нешто околу играта не ви е јасно, ви треба помош околу нешто, сакате да биде активен член во партија, сакате да учестувате во некој наш проект???
Слободно контактирајте не.


Зачленете се во нашата партија
http://www.erepublik.com/en/party/republikanska-partija-3652
Зачлените се на нашиот форум
http://erepmkd.macedonianforum.net
Дојдете на нашиот чат канал
#republikanci

Не набљудувај, Делувај! Биди дел од Републиканската партија!