ДДВ на оружје 2%

Day 1,748, 16:37 Published in North Macedonia North Macedonia by Nick Slaughter MK

Листајќи ги можните закони кои може да се предложат и состојбите во македонското еСтопанство, дојдов до заклучок дека ДДВ-то на оружје од 5% е прилично високо оптеретување, имајќи ги во предвид моменталните состојби на пазарот.

Имено, ВО МОМЕНТОВ НЕ Е ИСПЛАТЛИВО ДА СЕ ПРОИЗВЕДУВА ОРУЖЈЕ од q1 дo q4. Производството на оружје q5 е на границата на рентабилност (исплатливост) доколку ги земеме во предвид цените кои се актуелни во моментов (0.19п.е. за суровина и 10п.е. за тенк q5). Бидејќи механизмите на е-државата се ограничени, намалувањето на ДДВ-то за производство на оружје од 5% на 2% е едно од решенијата кои може да ги „спасат“ од загуби неинформираните играчи кои не пресметале дека не се исплаќа да се произведува оружје во овие услови или барем да ги намалат загубите. Ние кои го знаеме тоа, не произведуваме и тоа со тек на време ќе доведе до намалување на цената на суровината за оружје. Исто така, очекувам цената на тенковите q7 да се доближи до цената на пазарите во САД, Шпанија, Бразил, Полска, Грција итн., т.е. малку да се намали.

Многу нема да се сложат со мене околу овој закон бидејќи доколку се изгласа, ќе се собираат помалку средства во државната каса, но во моментов имаме 9 стабилни ресурси, произведуваме многу, има играчи кои се вратија во нашата е-Македонија и плаќаат данок тука, а не во Полска или САД и најважното - трошоците се многу намалени бидејќи не се организира удар и не се даваат тенкови за проблематични војни.

Само за илустрација, овој данок во САД и Словенија е 1%, во Бразил и Грција 2% во Србија и Полска 3% итн.

Заради сево ова, предлагам да се изгласа овој закон.