Авио стимулација [МЗИ]

Day 3,702, 03:13 Published in North Macedonia North Macedonia by Ministerstvo za Informiranje


Здраво на сите.

Како што беше најавено во мојата програма кога се кандидирав за претседател веднаш по стапувањето на функција се фатив за работа.

Во оваа статија ќе биде објаснет проектот за стимулација на авио борците и нивниот рефунд.

Во овој проект нема да бидат опфатени сите авио борци туку само оние кои се слаби и немаат мотивација да пукаат во авио битките. Треба сите да сфатиме дека во авио битките сме слаби моментално и секој удар во авио е многу важен и со секој удар се напредува, бавно но сигурно.



Поради тоа сакам да реализирам еден проект за стимулација на играчите кои немаат ранк поголем од Wing Commander да пукаат редовно и секојдневно во авио битките, а за возврат ќе добиваат рефунд и неделни награди директно финансирани од државниот буџет.

Субвенциите ќе се даваат во пари и ќе се префрлаат директно на играчот, по претходно добиена информација од командирите на авио единиците. Зошто командирите да даваат информација, а не ние како држава сами да ги бараме? Бидејќи треба да се создаде комуникација помеѓу државата и командирите на авио единиците за подобра координација и правилно насочување на штетата во секое време каде има потреба. Плус тие најдобро си ја познаваат единицата и можат да вршат надзор многу поефикасно од државата, а исто така ќе има подобра прегледност на тоа кој колку убиства направил во неделата, бидејќи во статистиките од играта покажува само Топ 100 играчи.



Како ќе се одвива рефунд системот и што треба да се направи?

Многу едноставно. Треба да има ранк до Wing Commander и редовно да се бори во авио битките и да го покачува својот ранк како би станал посилен и повлијателен во овој дел од играта.

Рефундот ќе се дели врз основа на направени убиства:

100 направени убиства - 300 денари

Ова не значи дека ако некој има направено под 100 убиства ќе биде без рефунд. Фактички едно убиство ќе биде рефундирано со 3 денари па така доколку играчот има 70 убиства ќе добие 210 денари.



Засега ова ќе биде сумата која ќе се издвојува за направени 100 убиства. Во зависност од одзивот и активноста на играчите оваа бројка би можела да биде зголемена.

Делењето на цц ќе се одвива еднаш неделно и тоа секој вторник т.е. по завршувањето на Weekly Chalange. И покрај рефундот ќе има и дополнителни награди за играчи кои ќе бидат топ3 по бројот на убиства на национално ниво, а нормално имаат ранк до Wind Commander и тоа:

1во место 5.000 денари
2ро место 3.000 денари
3то место 1.500 денари




Како што можете да видите овој месец ќе се потрудам да мотивирам што повеќе играчи да ги јачаат своите ранкови и профили како би биле покорисни за државата. Засега помош ќе има само за играчите до ранкот Wing Commander.
Исто така би ги замолил авијатичарите да се придружат на една од сегашни официјални авио единици:

Macedonian Army

Macedonian Sky Squad

Овие две единици се со доста солиден број на авио борци и засега добро се оранизираат. Исто така доколку има и други единици заинтересирани за соработка, а во своите редови имаат авијатичари слободно нека ме контактираат.
Првото делење на рефунд ќе се оствари следниот вторник, па млади авијатичари покажете се во текот на оваа недела.

Се надевам дека овој проект ви се допаѓа и би сакал секоја критика или забелешка да ја постирате во коментар како би можеле да се подобриме дополнително.

Искрено ваш

Little Beast