Македонска Ескадрила ( Адмирал полетарец)

Day 3,170, 06:01 Published in North Macedonia Romania by poletarec

Почитувани соиграчи,

Од неодамна настапија нови промени како во економскиот така и во воениот модул.
Кај нас истите беа примени со голема доза на скептичност и апатија која според мене не става на чекор поназад во однос на нашите противници.

Како и во секоја стратешка игра така и тука треба да се прегледаат сите можни капацитети и темелно да се одреди стратегија која би ја поддржале мнозинството од играчката заедница.

Со воведување на Авионските битки во воениот модул се гледа дека и самата игра полека тргнува во нов правец односно делумно оддалечување од стариот начин на војување и создавање на нов почеток во кој буквално СИТЕ стартуваат еднакво.

За оние недоволно упатените:

-Стар Играч со 160 000 сила и нов играч со 1000 во авиобитка почнуваат со иста јачина на удар. Со тек на играње се качува ранк зависно од активното учество во авиобитките и со тоа се зголемува силината на ударот за 5%.
Наскоро се очекува да се пуштат и теретани во кои ќе се тренира за качување сила исклучиво за авијација модулот, претпоставувам дека и таму ќе има надоградби на истите и ќе има теретани со различен квалитет итн.

Мој предлог е:

СИТЕ играчи од Д4 дивизија и сите оние кои сте почнале да играте покасно, кои имате слаба сила за во вашата дивизија, кои сов ашето учество во битките правите мала односно не правите никаква разлика на текот на битката, ве повикувам да почнете активно ( доколку имате желба за придонес во играва се разбира) да се занимавате со авијација.

Потребен ни е ПЛАН и ОРГАНИЗАЦИЈА !

Кога сите горенаведени профили би влегле во една воена единица, која би се формирала под капа или со помош на државата, која би удирала исклучиво во авиобитките, верувам дека таа единица би вртела зидови и би освојувала битки.

Се разбира треба бројност пред се, трпеливост и дисциплина.
Кога би се собрале да речеме 50тина актвини играчи, кога би отвориле фабрики за куќи до К3 квалитет и понатаму кога сите тие играчи би ги кренале теретаните на максимално ниво, со редовен тренинг и со тек на време воената единиц во авио битка би парирала на некои си 4-5 виза играчи. Нормално и кај нас има некои играчи кои купуваат голд и кои самостојно ќе делуваат во битки,ќе трошат барови и лични ресурси, што значи таа единица ќе делува и мотивациски врз останатите МК играчи и врз сојузниците.

За почеток како пилот програма ве повикувам сите заинтересирани да се приклучите во мојата единица http://www.erepublik.com/en/main/group-show/2912?page=1 да пробаме да удриме орагнизирано сите по еден полн ФФ и понатака да се организираме заеднички.
За почеток од мои средства можам да помогнам со храна по 1000 енергија за секого (секојдневно) а за понатаму ќе се прават нови статии за донации и/или ќе бараме помош од државата.

Засега од мене толку.

Искрено вашЧ

Адмирал Полетарец :р