Македонија и светот [МЗИ]

Day 3,062, 14:08 Published in North Macedonia North Macedonia by Ministerstvo za Informiranje

Добра ви вечер Македонци.

После кратка пауза на молба од сегашниот ЦРЕП се враќам во фотељата иако немав план за ваков потфат ама кога има пари во игра нема тука можеш-неможеш самото те тера од внатре.

Шала на страна.

Со оглед на тоа дека имавме премногу неактивен претходен мандат се чувствувам должен добар дел од статијава да го посветам на случувањата претходно.

За подобра прегледност статијата ќе ја поделам на неколку поднаслови:

1. Лепливи прсти
2. Две скршени столчиња
3. Адриатика
4. Двојни стандарди
5. Скок напред (во празно?)





1. Лепливи прсти

Не знам кој колку е запознат со случувањата на релација Иран-УСА, ама и покрај тоа сакам да опишам со оглед на тоа дека се работи за конфронтација со еден од нашите непријатели УСА.

За што се работи?

Иранската единица Black Academi која се смета за доста богата, добила (на овој или оној начин непознат) државна организација од Америка и тоа од пред неколку години поточно во 2013та. Го работеле тој орг и се така беше розево се до пред неколку недели. Имено, новиот ЦП на Америка барајќи по орговите наишол на државна Американска орг под името Black Academi HQ со ни помалку ни повеќе туку скромни 3 милиони денари. ЦПто ни два ни три без да праша никого од каде се парите, како стигнале таму, дали некој ги работи си ги зел на свој профил и ги префрлил во трезор. Сето ова ќе поминеше незабележано, ама човекот уште пиша статија каде се фали за рудата која ја нашол и очигледно очекуваше да биде прогласен за национален херој. НО, наиде на остра осуда од целиот е-свет, додека имаше некои играчи од Америка кои го поддржаа. Најголемата осуда нормално дојде од Иран кои си ги бараат парите назад. Со оглед на тоа дека Американската влада одбиваше да ги врати парите Иранците се заканија дека ќе си ги земат парите со сила назад т.е. преку војна. Засега, освен закана нема ништо конкретно, но будно се следи ситуацијата и се надевам дека Американските манипулатори ќе си го добијат тоа што го заслужуваат.




2. Две скршени столчиња

Зошто ваков наслов? Не е случаен, а причината ќе ја дознаете во продолжение.

За што се работи?

Пред скоро време беше пуштена официјална покана од сојузот ПАЦИФИКА до Грција за да се приклучи на овој сојуз. Се изгледаше навидум нормално се додека не излегоа внатрешните проблеми во сојузот со влегувањето на Грција.

Во преден план повторно е тука УСА. Имено, во статутот на сојузот јасно е наведено дека УСА и Русија се главните држави кои одлучуваат дали некој ќе влезе или не во сојузот ПАЦИФИКА. На хартија ова изгледа убаво, но во реалноста не се почитува. Русија стави вето на влезот на Грција во ПАЦИФИКА, но УСА едноставно го игнорира тоа вето и си тера по свое, притоа неземајќи го во превид фактот дека доколку се стави вето пропаѓа апликацијата.

Во оваа ситуација се поставуваат следниве прашања:

- Дали УСА ќе седи на две столчиња и ќе биде добра и со Русија и со Грција земајќи го фактот дека Русија не ја сака Грција таму?

- Дали Русија сепак ќе ја прифати Грција во сојуз имајќи го во превид фактот дека негува доста добри односи со Бугарија и ќе седи на две столчиња?

- Дали Грција ќе биде причина за поголем конфликт меѓу двете држави УСА и Русија?

Ова се прашања на кои допрва треба да се даде одговор. Ќе биде интересно да се види чиво столче ќе биде скршено и кој ќе голта кнедли.




3. Адриатика

Пред скоро време се креираше нов сојуз од страна на Хрватска. На статијата со која јавно се обелодени создавањето на сојузов можеше да се видат еден куп Грци на кои срцето им влезе во петици од страв дека Македонија ќе биде една од првите членки кои ќе бидат поканети во тој сојуз, додека Бугарите беа со коментари дека Грција ќе влегува таму. Новиот сојуз дефинитивно донесе голем број на заблуди на сите страни во поглед на членките. Засега покрај основачот Хрватска, полноправни членки се и Венецуела, Тајланд и Грузија.

Не се знае во кој правец би се движел овој сојуз. Ако се прашувам јас лично би било попаметно да се креира еден сојуз кој ќе биде во функција на сателит т.е. близок до овој сојуз против Астерија заедно со Чиле, Бугарија, Индонезија. Би добиле многу, но засега сето тоа се обични шпекулации од кои не се знае дали ќе излезе нешто. Останува да чекаме и да видиме како ќе се одвиваат работите. Се споменува и Турција како членка што дополнително ги компликува работите.

Овој сојуз ја имаше својата прва акција против Франција и Литванија со цел помош на Англија и Ирска. Во таа акција се водат борби помеѓу: Англија, Ирска, Шпанија, Бугарија, Хрватска, Тајланд и Венецуела против Франција, Литванија, Молдавија, Романија, Србија и Холандија.




4. Двојни стандарди

Дали некогаш сте се запрашале: Зошто секој го прати и најмалиот чекор кој Македонија ќе го направи?

Ова прашање не ме мачи од скоро, туку од поодамна, но сега е премногу потенцирано. Каде и да пукаат нашите играчи одма има реакции од одредена држава зошто тие (злобните Македонци) пукаат таму, додека тие кои се бунат пукаат против нас тогаш е оправдано и нормално?

Ќе наведам пример на што мислам. Битката меѓу Србија и Кипар. Голем број реакции од Иран дека ние сме го кочеле нивниот план да ја држат окупирана Турција со помош на Србија, притоа приложувајќи слики како нашите играчи рокаат против Србите, со што директно му штетат на Иран со кого немаме ни МПП ни пак некои посериозни контакти ЗАСЕГА. Значи додека тенкаат други против нас секогаш наоѓаат изговор било дека пукаат за пријател, било за КО или не им било битно. Кога ние ги користиме истите зборови тогаш сме лоши, идиоти, ретарди и секако референци летаат се со цел лижење кај нашиве долни.

Што прави Бугарија на пример? Си ја тера својата надворешна политика, никој посериозно не се замара со нив. Ќе речете како не се замараат другите кога Чиле жестоко реагираше (ама не се експонираше премногу тоа) кога Бугарија потпиша МПП со Перу, еден од главните непријатели на Чиле со кого сега има во тек закон за МПП меѓу Перу и Чиле. Па не дај Боже, Македонија да го направеше тоа не знам што ќе се случуваше, какви осуди и критики ќе јадевме.

Очигледно треба да си тераме својата работа. Претходниот месец се крена прашина кај нас заради МППто со Албанија. Иронијата да биде поголема скокнаа играчи кои радо би да земаат БХа на Албанска страна и да лапаат КО од Колин наеднаш им стана лошо МПП со Албанија, па се јавија патриотишта од РЛ кои почнаа да споменуваат и РЛ и да мешаат баби и жаби. Резултат? Никаква штета од тоа МПП, едино може да имаме корист во иднина што конечно срушивме една непишана бариера во нашето е-општество, а тоа е делење на државите на пријатели и непријатели. Па видите ја на пример Грција, Србија, Унгарија, Полска, Чиле па и во последно време Бугарија, дали нешто им фали на нив што ја играат играта на свој начин и гледаат да се зајакнат?




5. Скок напред (во празно?)

Ние создадовме респект и име на грбот на нашите Д2 и Д3 играчи, а наскоро ќе се приклучат и Д1 кои лека полека се организираат во една единица, никој од страна несака да не напаѓа зошто знаат дека ќе им требаат 10+ милиони за да не запрат, но и покрај тоа ќе мора да се работи малце на надвор и да го искористиме периодов за да најдеме засолниште.

Многумина велат дека Астериа е мртва, се погласни се оние кои го тврдат тоа и гледаме дека не е се сјајно таму. Аргентина и Бразил имаа намера да излезат од таму пред некој ден, но сепак не ги изгласаа законите.

Дали конечно ќе имаме неколку мандати во кои конечно ќе се врати балансот во поглед на сојузите?

Каде ќе биде Македонија во иднина?

Сето тоа се прашања на кои наскоро ќе добиеме одговор. Не би сакал премногу да предвидувам работи за кои не сум сигурен дека ќе се случат, но би сакал конечно после официјална неутралност да бидеме во сојуз кој ќе парира на Астерија рамноправно и да почнеме да ја играме играва која станува се повеќе мртва на воен план каде секоја држава гледа да обезбеди ресурси наместо да се борат и да внесат колку-толку забава.

Засега сите опции се во игра, има држави како Унгарија, Србија, Полска, Аргентина кои ќе треба да направат решителен чекор за да добиеме јасна слика кој каде и со кого. Искрено ја сум скептик дека овој месец ќе видиме некоја драстична промена. Би сакал конечно да видиме два сојузи кои ќе бидат рамноправни и ќе се борат меѓу себе за превласт, но фактот што сите лека полека почнуваат да седат на два стола со единствена разлика што бројот од ден на ден се зголемува ја бледнеат мојата желба за машка борба.

Тоа е тоа во ова воведно обраќање со акцент на минати случувања и минимален, но претпазлив, срамежлив поглед кон иднина.

Министер за Информирање

akconel